Илчовице, млада невесто

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Илчовице, млада невесто,
Да ли си чула, разбрала,
Оти е дошол агуто;
Агуто, Муста бегуто.
Илчовице, млада невесто,
Имате село големо,
Имате моми убави.
На снага танки убави
На лице бели црвени.
Илчовице, млада невесто,
Ареса ми се бендиса,
Младото невесте Илчово.

Надворешни врски[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни