Илинденска - Никола Вапцаров
Изглед
- Вината не беше наша.
- Вината беше туѓа
- и другому тежи
- сто тона одговорност.
- Кога ќе дојде ден,
- Кога ќе стане нужда,
- Сѐ ќе ѝ раскажеме
- на мајката историја. –
- Започнаа со гнасните си раце
- да пипаат во душите на народот.
- Гневот беше толку многу накипел,
- Што не ја прозреа волчата порода,
- муцуните под овчите им кожи,
- престапната и плитка лицемерност.
- Но идат дни, кога ние ќе можеме
- да фрлиме кал во мутрите им црни.
- И буната почна.
- Немаше зошто
- да дигнеме раце,
- да изостанеме,
- туку
- со крвта
- на простиот народ
- в Илинден влеавме
- наша содржина.
- Што ќе кажете на таа вест,
- Ќе барате ли тука руски рубли? –
- во Крушево беше феудална власт
- и ете за скок –
- градат сега република!
- Тие беа исто како нас младинци.
- Исти такви собрани сме ние.
- И се биеја,
- и мреа во метежи,
- токму както што утре
- ќе умреме и ние.
- Не очајувам јас што бура ги покоси,
- Еве никнат други во расчадените пожари.
- Погледни тука – ете го Питу Гули,
- а ти пак си … Никола Карев.
- И ако требаат пароли – добро! –
- Ќе издигнеме плакати до месечината! –
- Слободна сакаме,
- Неќеме,
- неќеме протекторати!
Надворешни врски
[уреди]- Илинденска, бугарски