Излегол Јане прошетал
Изглед
Излегол Јане прошетал е македонска народна песна.
Текст на песната
[уреди]- Излегол Јане прошетал, леле
- низ таа Пирин Планина
- низ таа Пирин Планина, леле
- низ тоа поле широко.
- Нарамил пушка на рамо
- настранил капа на чело
- на пат ми сретна овчарче, леле
- на овчарче вели, говори.
- Овчарче младо чобанче, леле
- дали ја виде четата
- дали ја виде четата, леле
- четата на Јане Сандански.
- Видело сум ја слушнало, леле
- сега за Јане збореа
- каде е Јане Сандански, леле
- четата да си прибере.