Излегов да се прошетам
Изглед
Излегов да се прошетам е македонска народна песна.
Текст на песната
[уреди]- Излегов да се прошетам (леле) [2х]
- низ Битолските сокаци, леле
- низ тие тесни чикмаци.
- Там најдов моме убаво (леле) [2х]
- Руса си коса чешлаше, леле
- љуто си мајка колнеше.
- Пукнала мајко, треснала (леле) [2х]
- зошто ме роди убава (леле) [2х]
- Не можам мајко д'отидам (леле) [2х]
- низ таа пуста чаршија леле
- од тие пусти беќари. [2х]
- На мермер камен седеја (леле)
- лута ракија пиеја
- ништо си мезе немаа леле
- мене ме мезе сакаја. [2х]