Прејди на содржината

ИЗВЕШТАЈ БРОЈ 2

Од Wikibooks

ИЗВЕШТАЈ БРОЈ 2

НАПОРИТЕ ВО ПОСЛЕДНИВЕ ДВЕ ГОДИНИ ЗА ПОГРЧУВАЊЕ ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА И ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ

Пред две години поточно на 05.05.1936 година поттикнат од чисти патриотски чуства, и земајќи го во предвид својството на учител во пошироката мисија во пограничните места, испратив опширно писмо, те. доверлив извештај до Службата за државна одбрана во кој на кратко ја изложувам ситуацијата во врска со емотивната јазичната итн. ситуација на славофоните Македонци, главно на жителите на Западна Македонија, како и за нужните мерки за нивно што поскоро погрчување.

Денес кога грчкиот народ се подготвува да ја прослави втората годишнина од неговата национална преродба, и попгорно морално и духовно крштевање, сметам дека моја лична обврска претставува составувањето на оној извештај, во кој ќе се обидам писмено да ја прибележам сегашната ситуација во Западна Македонија од аспект на своите интересни согледувања.

Оваа компилација наметнува незгаслива желба да го изразам - и како учител, и како грчки граѓанин заинтересиран за општото добро - својот бескраен ентузијазам и воодушевеност од делото на големиот творец на чело на Владата и на неговите ценети соработници, кои не само што не се подвоени - како Неговите претходници по битното национално прашање за погрчување на Славофоните туку напротив, покажаа посебен интерес за ова, внимателно и деликатно раководејќи со целата работа согласно со сета нејзина сериозност.

Познато им е на сите во колкава мера огнот на партијските стремежи во минатото, и витлите на партијските страсти ги оддалечија "татковците на нацијата" од мислата за големите животни прашања на нацијата, и затоа сметам дека е неопходно да се потсетиме на настаните, зашто мислам дека предизвикаа млитавост и тромост на државната сила, во комбинација со покажаната невидена државна толеранција спрема комунистичката пропаганда (а напоредно со неа спрема онаа автономистичката) што беше главната причина за опуштената и инертна национална свест, за недостаток на доверба во моќта, исправноста и достоинството на грчката држава, за безочноста на разновидните пропаганди и недовербата, незаинтересираноста - па дури и за презирот - со кои Македонците славофони гледаат на секоја национапка и државна манифестација. Изгревот на 4 август 1936 година, што како животен здив се вдишуваше од едниот до другиот крај на Грција, донесе успех и по ова најважно прашање, и за само две години донесе значајни резултати, давајќи цврста надеж за еден целосен, со тек на времето, успех.

Зашто веднаш се забележува дека ова не е работа за која се потребни месеци или две - три години. Промената на апокрифните психички расположенија поради долгата емоционална и јазична традиција, менталитет и обичаи бара трпелива, постојана и систематична работа за која што е потребно виртуозност, голем напор и пред сè, убедување и ентузијазам.

Покрај ова, државата на 4 август и спроти осамнувањето на овој ден, осамнување громогласно и достоинствено, кое што вдахнуваше чувства на сигурност и почит, успеа да ги избрише претпоставките и причините за фаворизирање на падот на националното убедување и свест во минатото, и едновремено се погрижи, со помош на низа успешни мерки, сè да заживее и да ги култивира кај народот чуствата на верба во своето постоење и своите стремежи.

На тој начин, реорганизацијата на војската и од материјален и од нематеријален аспект, зацврстувањето на редот и мирот, кршењето на комунизмот, колективните работни договори, големите стопански проекти, заштитата на домашното производство, мотивираноста на државните и општинските служби во вршењето на општите услуги без дискриминација и, на крајот, дипломатските успеси на сегашната влада, ја создадоа основата на новата националистичка атмосфера, и му вдахнаа на народот чувство на доверба и сигурност. па дури уште повеќе се зајакна изградбата на големи безбедносни (фортификациски) објекти по должината на границата. На тој начин, грчката држава веќе не претставува за народот распарчено сештојадно чудовиште, или пак распартален и невооружен војник, туку наполно здрава држава, држава способна да им овозможи на своите граѓани сигурност, згриженост и заштита. Како што е очигледно, во ваквата јасна и светла атмосфера не ќе биде лесно заживувањето и делувањето на чудовиштата на туѓите пропаганди, кои имаат потреба од темнина и државна инертност за да се движат и да дејствуваат.

Како основна грижа на претставниците на Националната влада по разните општини, беше и најстрогата забрана за употреба на македонскиот (читај: бугарскиот) дијалект на улица, во кафаните, трговијата и, воопшто, во секоја слична ситуација.

Оваа мерка, што се спроведува мошне деликатно и внимателно за да не предизвика реакции и непријатни тензии освен формално (од јазична гледна точка наше единствено настапување), има и суштинско значење: новите генерации конечно ќе сфатат дека живеат во Грција, и дека предметот грчки јазик не се изучува во училиштата како странски јазик. Резултатот, во зависност од спроведувањето како првенствена мерка, беше непеењето веќе по улиците и куќите во западномакедонските градови - особено во родното место на Александар - бугарски песни.

Со друга мерка, жителите беа принудени за државните, како и за месните и националните празници, да го истакнуваат на продавниците и куќите грчкото знаме, настан што секако не малку допринесува за создавање на саканата и очекувана националистичка атмосфера, и за култивирање на патриотските чувства во психата на младите врз кои главно се базира надежта на новата грчка држава.

Паралелно со оваа мерка, се просуди за целисходноста од бојадисување на куќите во национални бои, како варосувањето иа ѕидовите во бело, а дрвенаријата (прозорците. вратите и сл.) во сино.

Најголемо влијание врз добронамерното расположение на граѓаните спрема државата имаше мошне задоволувачката цена на откупот на житото, имајќи предвид дека производството на пченица во одделни области во Западна Македонија не е безначајно. Организациите на националната младина неоспорно претставуваат расадник во кој се култивира и издига националната свест, а во Западна Македонија ќе одиграат значајна и суштествена улога, ако се земе предвид се она што во врска со славофоните Македонци го изложив во мојот првичен извештај.

Во врска со ова, би споменал дека создавањето младински национални организации во Западна Македонија претставува мотив за уште еднаш да го потврдам расположението на славофонскиот елемент и неговата неволност што ја покажува спрема соодветниот обид на надлежните, а кое расположение е во спротивност со она на бегалците и на оние од стара Грција, кои што со ентузијазам и спонтаност придонесоа за брзото зголемување на бројноста во редовите на Организацијата на националната младина.

Оваа констатација на реалната ситуација секако е жална, но наспроти тоа сметам дека моја света должност е да зборувам објективно и оддалечен од секакво чувство, со цел државата да ја спознае вистината и да ги превземе потребните мерки; зашто не ме задоволува изјавувањето благодарност и љубов кон државата од страна на Славофоните Македонци само заради здобивање со материјални добра, обезбедени од државата во различни форми и на различни начини (заштита на производството на жито, свила, тутун и др.). Посакувам да ја засакаат грчката татковина искрено, да поверуваат во нејзините идеали, да ги трогнат нејзините херојски стремежи и обиди, и тие спонтано да се вклучат во великото дело за нејзина изградба, што е во тек, без да сметаат на материјалната корист, туку поттикнати од патриотски пулсирања.

Оваа моја желба денес се пројавува во облик на надеж, благодарение на веќе преземениот и спроведен во Западна Македонија проект за основање вечерни училишта за Славофоните и Туркофоните. Оваа мерка, според мое мислење, би требало да роди најбогати плодови и најсушествени резулти, и да стане основањето на граѓаните во грчки манир било како поединци, било како општествена и национална целост.

Довербата во државата е задоволително развиена, како и почитта кон неа, која што почит беше уништена во минатото благодарение на политичките фактори.

Што се однесува до подлабоката промена на чувствата кај Славофоните, невозможно е таа да се почуствува во целост во ограничен временски период од две години, зашто резултатите од духовните, психичките и националните обиди ќе бидат очевидни подоцна, како последица на долгата работа и соодветната истрајност.

Покрај ова има доста поволни показатели, како на пример вообичаената дејност на О.Е.Н. (Организации на националната младина) и вечерните училишта чија што работа, секако, нема да остане јалова.

На крај, базирајќи се врз будното следење на ова круцијално прашање од страна на новата држава и нејзината грижа да ја отстрани од синилото на грчкото небо единствената постоечка сенка на Македонскиот проблем од горе изложеното и изложеното во мојот претходен извештај, се надевам дека превземеното и возобновено дело за погрчување на Западна Македонија ќе биде крунисано со успех.

Атина, 22. 7. 1938 , Георгиос Пападопулос

Учител во основно училиште Н. Еритреа, Кифисија