Прејди на содржината

ИЗВЕШТАЈ БРОЈ 1

Од Wikibooks

ИЗВЕШТАЈ БРОЈ 1

ЗА ЕМОЦИОНАЛНАТА, ЈАЗИЧНАТА ИТН. СИТУАЦИЈА КАЈ СЛАВОФОНИТЕ МАКЕДОНЦИ. КАКО И КАЈ ЖИТЕЛИТЕ ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА И ЗА НАМЕТНАТИТЕ МЕРКИ ЗА НИВНО ПОБРЗО ПОГРЧУВАЊЕ

Изминаа скоро цели дваесет и пет години од ослободувањето на Македонија, за кое толку многу материјални и човечки жртви нацијата даде, меѓутоа секого патуаајќи низ овие места невозможно е, а да не го преокупира едно свето огорчување поради постоечката ситуација, и да не се увери во таквата ситуација што раѓа сериозен немир кај нацијата.

Честите појави на бугарските комити во минатото (појава што од неодамна се повторува): убиства на државни службеници или знаменити борци од Македонската борба (убиството на Катевски од Лерин): минирачки обиди (Лерин - Солун), наспроти будната заштита на границата: чести патувања на Славофоните во Бугарија на бањско лекување, особено од околиите на Костур и Лерин; словенски имиња, презимиња и топоними; употреба на негрчки поздрави, песни, јазик, народни обичам, меѓусебно допишување на бугарски; откривање, пред неколку години, на бугарски книги кои веројатно постојат и денес; знаењето читање и пишување на бугарското писмо и од страна на жителите кои се под триесетгодишна возраст; нивната челична меѓусебна поврзаност и верност на бугарската идеја, што особено дојде до израз во предизборниот период на јунските избори; непризнавањето и отпорот кон се што е грчко; упорното и намерно карактеризирање, од нивна страна, на говорниот бугарски јазик како "македонски", иако е толку очигледно и докажано дека постојат минимални разлики што, главно се должат на месните дијалекти, а кои што се забележуваат во секој јазик, нивното упорно самокарактеризирање како Македонци, а не како Грци; големата незаинтересираност и аверзија на Славофоните кон црквата - ова особено се забележува во селата на Западна Македонија - од причини што литургијата се врши на грчки јазик; пропагандата на комунистичката и автономистичка идеја чии следбеници, кои што не се малубројни, произлегуваат од нив, освен некои исклучоци. Нетрпеливост и омраза кон сите грчки службеници и учители; неволност за изучување и употреба на грчкиот јазик - вообичаена појава кај службениците, интелектуалците и оние што се занимаваат со политика Македонци насекаде и секогаш да говорат бугарски; постоечките словенски имиња; Ванче, Димче, Ѓорче, Џоџе, Коле, Томе, Милка, Цвета, Љуба, Борис, Владимир, Митко, Трајко и др.; упорноста на Славофоните, и покрај веќе десетгодишната забрана за употреба на старите словенски топоними, што е во целосна спротивност со случајот на бегапците, наспроти тешкотиите што се појавуваа од време на време, кои ведкаш ги научија и почнаа да ги употребуваат новите називи, и кои направија посебни напори за да го научат грчкиот јазик; очигледниот, во сите словенски села и градови, јазичен Вавилон, зашто не се зборува само бугарски јазик, туку и куцовлашки и турски од страна на големиот број бегапци; поради сето тоа, овие места на посетителите им оставаат секаков друг впечаток, само не грчки.

Како во минатото, така и сега, се читаат во секојдневниот печат, објавени од бугарските весници новинарски извештаи и дописи кои ја прикажуваат Македонија како негрчка, а нејзините жители на различни начини бараат "ослободување" од грчкиот јарем.

Ако се земат предвид бугарофилите во Европа, во Америка и Бугарија, помошта и толеранцијата од страна на званичната бугарска влада, делувањето на многубројните и различни автономистички бугарско - македонски организации, фактот дека Друштвото на народите многу пати до сега се занимаваше со прашањето на македонските малцинства, се зголемува можноста за поцелосно скицирање на сликата на состојбите.

И така се раѓа прашањето: Дозволено ли е, во ова време, во кое има тенденции наполно да се асимилираат и да исчезнат значајни малцинства, и тоа особено оние на повисоко цивилизациско ниво - што не е случај со Славофоните и Куцовласите кај нас - во сите соседни балкански земји со систематски и засилени напори, само Грција да е скоро индиферентна и дефетистички да го следи развојот на една непријатна ситуација оптоварена со мноштво опасности, имајќи предвид дека сите наши северни соседи не пропуштаат да искористат секаква шанса со надеж за нова поделба на македонскиот простор.

Често се повторуваше, а и сè уште слушаме како се вели дека бегалците целосно го менуваат изгледот иа Македонија; ова не в точно, барем што се однесува до околиите на Воден, Алмопија (Меглен), Јаница (Ениџе-Вардар), Гуменица (Гуменџе), Лерин и Костур, зашто бегапците се сместија збиени, главно, во градовите, додека по перифериите ги има неспоредливо помапку од Славофоните, а во повеќето села на овие области не може ни да стане збор за некакво нивно инсталирање.

Оттука се наметнува непосредно преземање мерки за коренито сузбивање на злото. Во изнаоѓањето на потребните мерки треба да се раководиме од долу наведениве елементи.

ЈАЗИК

Јазикот е бугарски, и покрај тврдењата што тие ги пружаат дека станува збор за чист македонски јазик; жителите никогаш во меѓусебните разговори не го употребуваат грчкиот јазик, освен кога говорат со некој туѓинец, со војните или, пак, административните службеници и сл. Мажите во градовите, со исклучок на некои од нив, знаат грчки, а особено оние кои живееле надвор {освен во Бугарија, Србија и Америка) како и оние што служеле војска; грчкиот јазик не го знаат оние од времето на турското владеење, како и од мигрантите доселени од горе споменатите земји и повратниците во текот на последните години; тие не само што не го знаат грчкиот јазик туку, и по правило, одбегнуваат да го учат и да го употребуааат, поради меѓуетничката нетрпеливост. Жените над триесет години по правило го знаат грчкиот јазик; оние што се на возраст помеѓу дваесет и триесет години сигурно го знаат грчкиот јазик поради фактот што со години го учеле во училиште; девојките на помала возраст, како и момчињата нивни врсници, го знаат грчкиот поради задолжителното образование на грчки јазик меѓутоа, го игнорираат веднаш по распуштањето од училиште, како и за време на школувањето (и во основните училишта, и во гимназиите); сè до денес се забележува како говорат на бугарски и за време на нивното играње, и за време на одморите помеѓу часовите, во слободното време надвор од училиштето па дури, не ретко, и за време на наставата прекинувајќи ги предавањата, слушајќи ги нивните соученици (Грци) како се жалат поради тоа.

Аргументите што постојано ги даваат, дека учениците зборуваат на бугарски - според нив македонски - по навика, и зашто ги слушаат родителите и останатите роднини кои исто така говорат на бугарски јазик и се поведуваат по нив, не се вистинити, од причина што тоа не е случај со децата на бегалците кои, наспроти фактот што нивните родители се туркофони и не го позкаваат целосно грчкиот јазик, поради што покажуваат жалење и голема тага, никогаш не се користат со турскиот јазик. Во врска со ова создадов целосно убедување врз основа на моето долгогодишно искуство.

Меѓутоа, она што раѓа револт, и тоа со право, кај секого и кај сета нација, е позицијата што ја држат Македонците учени интелектуалци, адвокати, аптекари и сл., како и државни службеници во сите гранки. На различните собири во кафеаните и, дури, во вршењето на службата (државните службеници) го употребуваат бугарскиот јазик.

Ако некој ги лосети, на пример, канцелариите на Општината во Воден, во работно време, ќе ги слушне службениците на Општината, од портирот па сè до оној на највисока функција, како се служат со бугарскиот јазик. Ова е случај и со останатите државни служби, во кои службуваат Македонци.

Особено треба да стане збор за Македонците просветни работници (професори, учители и воспитувачи во забавиштата). Тие во своето дружење со останатите Славофони, или со другите што го знаат грчкиот, се служат најчесто со бугарскиот јазик. Многу од сопругите на просветните работници не знаат грчки, а нивните деца со ништо не се разликуваат од селанчињата.

Должен сум да го спомнам однесувањето што го покажаа моите колеги Македонци за време на една наша екскурзија во Србија. Околу средината на ноември 1934 год., по завршувањето на едно Педагошко советување, одлучивме да патуваме под претседателство на господинот инспектор за основните училишта, од Лерин. На ова патување учествуваа, доколку се сеќавам добро, околу педесетина учители воспитувачи; вториот ден го посетивме пограничното српско село Драгош; од границата до селото и назат, нè придружуваа двајца офицери од нашата погранична стража и еден нивни српски колега. По целиот пат што го минавме со автомобил, како и внатре во српското училиште, колегите Македонци разговараа со Србинот офицер и со учителот Србин на бугарски јазик, предизвикувајќи непријатни коментари и од страка на нашите офицерите и колегите бегалци, или оние од стара Грција, Овој случај остави посебен впечаток кај Србите, и се разбира, можевме да заклучиме каков извештај ќе достават до нивното Воено министерство и Министерството за образование.

Младите учители, особено од околината на Лерин, кои бидуваат регрутирани од страна на државата од Славофонските села уште на мала возраст со единствена цел: нивно воспитување и образување во грчки дух во интернатите и училиштата, за да бидат употребени како идни носители на Националната идеја во нивните родни места, за несреќа не придонесоа со ништо туку, напротив, со нивното однесување предизвикуваат поголемо зло. Истото ова се однесува и за персоналот во училиштата за општо техничко образование и домаќинство.

Ниту учесниците во Македонската борба, одликувани со ордени за заслуги за народ не се исклучок и не се разликуваат од другите; дури некои од нив на Велика недела, заедно со останатите жители на градот Воден, ги преполнија рестораните и кафаните, за да ги слушаат страдањата на Христос на радио, на бугарски, а некои на српски. Еден учесник во Македонската борба од околината на Лерин склопи роднински врски со Србите; во забелешките на учителот тој дрско рекол дека "овие места не се грчки; српски се и многу бргу Србите ќе ги заземат; мора да имаме роднини Срби за да можеме да останеме тука".

ПЕСНИ

Песните што се пеат за различни празници, панаѓури, свадби, забави и сл., по правило се бугарски. Ретко да се слушнат грчки песни, и тоа од помладите на кои им се познати од училиште, но затоа не ретко се слуша бугарската национапна химна, и извици и скандирања за цар Борис.

УБЕДУВАЊЕ И СВЕСТ

Во врска со ова, Славофоните се делат на четири категории, и тоа: 1) Грци. Оние кои се населија за време на Македонската борба, и ги има мошне малку; 2) гркофили - измешани, поради заедничките општествени дејности, некои со свештенството, а имотните поради нивниот страв од економски реперкусии, или од можно уништување во случај на нови војни или слични компликации во Македонија; 3) неопределени - категорија создадена по ослободувањето, и 4} чисти Бугари. Процентот на секоја категорија е даден приближно, т.е. за првите три категории изнесува по 10%, а за четвртата до 70%.

До пред извесно време, поточно до пред изборите во јуни минатата година, имав поинакво мислење, меѓутоа сега, и особено во предизборниот перход, се најдов пред настаните индикативни за внатрешното расположение, и за подлоста и хипокризијата на Славофоните, и се уверив дека имав формирано погрешни сфаќања. Од друга страна, навистина е неможно да се двоумам во национализмот на господин Гоџамани, а неговите најниски партијски органи буквално оргијаа ветувајќи им на Славофоните присоединување на Македонија кон Бугарија, или нејзина автономија. Слоганот "Македонија на Македонците", "Искра македонцка", ги наелектризира Славофоните. Зборот "искра" е бугарски, а како што сум информиран, во Софија под тоа име циркулира весник. За време на изборите, бугарските весници со благонаклоност го коментираа востановувањето на новата македонска партија, а некои дури ја објавуваа и фотографијата на господин Гоџамани со пропратниот натпис "Предвесник на македонската слобода". Колку е ова вистина не знам. Меѓутоа од големо значење е фактот што оваа информација кружи меѓу Славофоните и има големо влијание. Изненадувачки е и непријатен фактот дека на категоријата бугарофипи не припаѓаат само Славофоните на возраст од над 40 год., што би било природно, туку и секој друг помлад, што е мошне очигледно, го следи чувството и определбата на старешината на семејствого; ова, според мене, значи дека не успеавме да постигнеме ништо со досегашните усилби и спроведената тактика.

НАВИКИ И ОБИЧАИ

Не постои никаква разлика помеѓу навиките и обичаите на српските и бугарските селани. Ова станува особено очигледно во деновите на празници, панаѓури, свадби и сл.

СЛЕДЕЊЕ НА НАСТАВАТА ВО УЧИЛИШТАТА

Следењето на наставата е редовно благодарение на законите за задолжително образование. Спорадични се случаите на појава на нередовно посетување на наставата, зашто се казнуваат од надлежните.

ОДНОСОТ КОН СЛУЖБЕНИЦИТЕ И ТУЃИНЦИТЕ

Односот на Славофоните кон државните службеници и тугинците најчесто е прикриен и подол, освен во поединечни спучаи поради лични врски и релации. Меѓутоа. нивната омраза кон туѓинците-службеници беше изразена во предизборниот период на минатиот јуни, кога непосредно во обичните, секојдневни разговори, бараа нивно отстранување и воедно провоцирајќи ги во голема мерка истите.

Но, ова не се однесува и на домородните службеници од едноставна причина што овие рамнодушно гледаат на движењата и манифестациите на Славофоните.

НУЖНИ МЕРКИ ЗА ПОУСПЕШНО И ПОБРЗО ПОГРЧУВАЊЕ

Од досега изложеното, се надевам дека е можно да се скицира целосна слика на ситуацијата и да се извлечат одредени заклучоци во врска со нужните мерки кои, по мое скромно мислење, би можеле да бидат следниве:

1) Градење пристојни училишта онаму каде што не постојат и доизградување на започнатите. Целосно опремување на училиштата со училишен намештај и со помошни наставни средства; бесплатни книги и прибор за пишување за сиромашните, како и награди за учениците што се истакнуваат.

2) Директно отстранување од Македонија на сите државни службеници кои што потекнуваат од префектурите Пела и Лерин, без исклучок, па дури и на оние на раководни места. Нивно преместување во Стара Грција, и поставување на најдобрите и проверени службеници од стара Грција во Македонија.

3) Укинување на забавиштата и на нивно место основање подготвителни одделенија во основните училишта, во кои ќе бидат назначени учители и учителки, препорачливо е да бидат учителки. За жал, воспитувачите не ги исполнуваат задачите што им се поставуваат. Девет од десетмина воспитувачи, по потекло од споменатите префектури, во и надвор од училиштето зборуваат на бугарски.

4) Вршење унапредување на просветниот кадар во училиштата.

5) Назначување на поголем број учители, наспроти законот за определениот број ученици во славофонските училишта.

6) Прекинување на поставувањето учители од училиштата во славофонските села во службите на инспекторатите. За жал, не се посветува доволно внимание од страна на надлежните, така што воспитувачите и учителите и понатаму се земаат во овие служби, со што на славофонските ученици им нанесуваат уште поголеми штети.

7) Наставата да се одвива исклучиво на грчки народен јазик.

8) Основање на вечерни курсеви во склоп на сите славофонски училишта.

9) Комплетна опременост на училиштата со машини за шиење и редовна настава по предметите везење, плетење и шиење. Дури и за неученичките.

10) Обезбедување паричен стимуланс за учителите во славофонските периферии; треба да се разбере дека е неможно да се споредува службувањето на овие учители, кои се изложени на многу лишувања, имајќи ги предвид поголемите потреби поради студената клима, т.е. потребата од поквалитетна и пообемна исхрана, топла облека, огрев и сл.

11) Службувањето на учителите во Новата Земја, што се однесува по пензионирањето, да биде со двојно пресметуван бенефициран стаж, како што беше случај и до сега. Со ваквиот третман ќе се подгрее страста кај службениците дојдени од стара Грција, а меѓу другото, ќе се привлечат и нови службеници кои ќе заминат на служба во Новата Земја.

12) Строго да се забрани обраќањето и поздравувањето на бугарски јазик, како и пеењето на негрчки песни; во нашите соседни држави, во Србија и Бугарија, Грците не се осмелуваат не само да запеат, туку и да проговорат на грчки јазик.

13) Регрутираните Славофони да ја исполнуваат својата воена обврска во гарнизоните во Стара Грција.

14) Да се врши избирање и назначување на воените и политичките службеници според нивните потврдени способности и беспрекорно држење, и да се престане со политички интервенции во работите што се однесуваат до самите службеници.

15) Важноста на свештеничките мисии не смее да биде потценувана во овие места. Таквата пракса има големо влијание врз чувствата на населението во овие места. Меѓутоа свештениците, повеќето од нив неписмени, нечисти и парталави, со беден карактер и никаква иницијатива, со својата појава предизвикуваат потсмев, одбивност и презир, наполно отфрлајќи ја нивната мисија, секако дека не можат да придонесат некаква национална услуга. Според тоа, треба да се престане со хиротонијата на свештеници кои што се неписмени старци, груби и нељубезни, со непознато потекло итн.

16) Системстско надгледување и мотивирање на странските јазични заедници за општо добро, што спаѓа во директното поимање на народот, поттикнување доверба, верба и љубов кон местото и општествениот поредок преку соодветно пропагирање на такви дела, за да се создаде убедување дека во Грција начинот на живеење е неизмерно подобар отколку во Бугарија и сл.

17) Да се поведе посебна грижа околу земјоделството, сточарството и, воопшто, за развојот и просперитетот на земјоделците, со што автоматски ќе се намали опасноста од пропагандите.

18) Во сите славофонски села да се населат семејства на бегапците, се разбира гркофони, а да се иселат еднаков број Славофони кои ќе бидат населени во поранешните населби на бегалците, особено Славофоните што се под сомневање или се познати по своето бугарско убедување и свест. Реализацијата на овие мерки ќе предизвика големи потешкотии, но ваквите мерки се сметаат за најсериозни и најуспешни. Од економска пак страна, за државата не претставуваат голема потешкотија. Наместо имотот на веќе иселените во Бугарија да се распродава од страна на Службата за општествен имот за бедна цена на жители со сомнителна националност што се иселиле од своите села, да им се додели на бегалците во замена за делот на кој имаат право.

19) Животот во Бугарија постојано да се прикажува посуров и, на сите можни начини што потежок, прикажувајќи ги тешкотиите на дојденците.

20} Воведување пониски даноци и бенефиции за Грците кои што се населија помеѓу Славофоните и потпомагање на таквото мешање, зашто иако изминаа веќе 14 години од доселувањето на бегалците, незначителни се остварените роднински врски помеѓу нив и Славофоните.

21) Да се ревидираат матичните книги од ксенофонскиге заедници со имиња од инојазичните заедници со преиначување или преведување на грчки јазик на сите странски имиња и презимиња.

22) Да се издаде наредба свештениците, за време на крштевањето, да одбегнуваат да даваат негрчки имиња, и задолжително да зборуваат на грчки - секаде и секогаш.

23) Печатење и бесплатно делење, преку учителите, на популарни книги и списанија со соодветна историска и слична содржина.

24) Доделување стипендии на Славофоните, како и нивно бесплатно запишување во сите училишта до еден определен број.

25) Укажување бесплатно лекување и медицинска нега за сиромашниге Славофони со обезбедување на соодветни фондови во буџетот на општините и заедниците

26) Зголемување бројот на полициските станици.

27) Одложување на месните избори во славофонските заедници и да се назначат за старешини доверливи луѓе.

28) Итно извршување на сите видови судски и административни работи и случаи.

29) Назначените префекти мора да се беспрекорни службеници или интелектуалци; треба да се посветува поголемо внимание на избирањето лица за префектурите во Западна Македонија, дури поголемо од она во префектурата на главниот град на државата.

Привршувајќи, би сакал да нагласам дека сето ова е резултат на многугодишно набљудување, долгогодишно искуство и стручно проучување. Завреме на моето дванаосет годишно службување во оваа околија не еднаш ги имам посетено славофонските села во префектурите на Пела и Лерин, имам разговарано со мнозина мои колеги и други службеници за ова сериозно прашање, и се уверив во совпаѓањата на нашите согледувања. Овие мои согледувања и забелешки, и ако не се сосема точни, во секој случај представуваат поголемо доближување и допирање до вистината, а секој друг приказ на ситуацијата нема да соодветствува на реалноста.

Горе наведените мерки не бараат сериозни трошоци. На мислење сум дека можат веднаш да бидат спроведени и будно надгледувани од страна на посебни службеници. Повеќето од предпочитуваните мерки се спроведуваат во Србија со мошне очигледни резултати, апсорбирајќи ги и интегрирајќи ги малцинствата во оваа земја.

Ова ќе се случи и кај нас брзо со спроведување на предложените или други мерки, со што Новата Земја би престанала да претставува тема на разнороден мозаик. И тогаш нашиот народ, компактен и неуништив од туѓинските пропаганди, ќе го оствари она што му е зададено од судбината.

Воден, 5 мај 1936 година

Георгиос Пападопулос учител во Второто Основно училиште во Воден од Археја Олимпија