Зошто си ме мајко родила

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зошто си ме мајко родила, оф леле,
Цел живот не си ме видела,
Ти си машко чедо родила, оф леле,
И на друг си мајко радост дарила,
Леле, оф аман, леле, леле,
И на друг си мајко радост дарила.
Се рецитира:
Дење, ноќе одам, скитам јас, леле, леле,
Пеам, свирам, играм и плачам,
Твојот лик го гледам секој пат,
Оф леле, леле . . . .
На тебе долгови ти враќам јас,
Оф аман, аман, аман . . . .
На тебе долгови, долгови ти враќам јас.
Херој биди мила мајко ти, леле ле . . .
Што си среќна ѕвезда родила,
Јас ќе светам мила мајко како сјај, оф леле . . .
За мојот мила мајко, роден крај,
Леле, оф аман, леле леле . . .
За мојот мила мајко, роден крај.

Надворешни врски[уреди]

Блог за македонски народни песни