Зајко кокорајко
Изглед
- Сторил ниет зајко, зајко кокорајко
- Зајко сербезлија, зајко да се жени
- Си натресол гаќи, упрчил мустаќи
- Нагрнал џамадан, море, токмо младожења.
- Ми поканил зајко китени сватови:
- Мечка месарија, вучица кумица,
- Ежо тупанџија, жаба зурлакија,
- Мурџо аберџија, зајко кокорајко
- Си натресол гаќи, упрчил мустаќи
- Нагрнал џамадан, море, токмо младожења.
- Па ми појде зајко низ солунско поле
- Да ја зима зајко младата невеста
- Лина удовица квачка со пилиња
- Селска визитарка, со китка накитена
- Море личи на невеста.
- Кога виде зајко, до два три ловџии
- Ем они си носат пушки сачмајлии
- 'Ртки ем загари, па ми летна зајко
- Назад на трагови, си искинал гаќи
- Размрсил мустаќи, расфрлал џамадан
- Се провикна зајко, не сум младожења.