Заплакало е Мариово
Изглед
- Заплакало е Мариово, заплакало е
- За тој ми Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугаре,
- Каде си Ѓорѓи, сега да дојдиш,
- Леле да дојдиш,
- Од душманите да не куртулиш.
- Тогаш извикна Ѓорѓи Сугаре, провикна,
- Од Демир Хисарските планина:
- Слушам ве народ, народ поробен,
- Леле, поробен,
- Слушам ви гласој, гласој жалосни,
- Сега за скоро, јас ќе дојдам, ќе престигнам
- Со триесет одбрани момчиња,
- Сите со куси манлихери, манлихери,
- Сите со нагант леворвери.
- Колку ми тргна Ѓорѓи Сугаре да оди.
- Во тоа село Паралово,
- Бог да убије шпиуните Параловци,
- Ѓорѓија што ми го предадоа.