Ерген одев мамо
Изглед
- Ерген одев мамо, ерген одев,
- Ерген одев мамо, поарно ми беше.
- Се оженив мамо, се оженив,
- Се оженив мамо, злото ме нападна.
- Падна ми се мамо, падна ми се,
- Падна ми се мамо, либе болничаво.
- Са ноќ ми е мамо, са ноќ ми е,
- Са ноќ ми е мамо, на рака лежало.
- Дури ми се мамо, дури ми се,
- Дури ми се мамо, рака исушила.
- Па не можев мамо, па не можев,
- Па не можев мамо, на коњ да се качам.
- Ме качија мамо, ме качија,
- Ме качија мамо, моите другари.