Драганка ѓергеф везеше

Од Wikibooks
Драганка ѓергеф везеше
у таја бавча шарена
на таја трева зелена
до таја вода студена
ем везе Драга ем пее
славеј високо леташе
и си Драганка слушаше
и си Драганка слушаше
Пркна ми славеј долета
до Драганка си кондиса
на Драганка и’ продума
на Драганка и’ продума
Драганке моме убаво
ај да си облог ставиме
кој кого ќе го натпее
кој кого ќе го натпее
Ако ме мене натпееш
крилцата да ми одрежеш
крилцата до раменцата
крилцата до раменцата
Ако те тебе натпеам
косите да ти пресечам
косите од руса глава
косите од руса глава
Драганка славеј натпеа
славеј се милно молеше
Драганке моме убаво
немој ми крилца одрежуј
Немој ми крилца одрежуј
јас ќе ти пеам препевам
на бел на црвен трендафил
на бел на црвен трендафил

Надворешна врска[уреди]

Македонски народни песни

Музика