Дојчин јунак, Сирак Јанко и Крали Марко, Солунски чувачи
Изглед
- Се собрале, се набрале,
- До три Бана, до три Кралја,
- Во град Солун, на Солунски,
- На Солунски седум кули.
- Едниот је Дојчин јунак,
- Дојчин јунак од Солуна;
- А вториот сирак Јанко,
- Сирак Јанко од Јанина;
- А трекиот Крали Марко,
- Крали Марко од Прилепа;
- Јадат, пијат, се веселат,
- Со нојбет си градот чуват.
- Сите редот одредоха,
- Редот дојде на Дојчина,
- Та си узе златна вигла,
- Та разгледа горе долу,
- По патишта, по друмишта,
- И по поле и по море.
- Кога гледат по морето,
- Зададел се шарен кораб,
- Внатре седе еден турски
- Еден турски челебиа,
- Еден Турчин чужја вера,
- Не си иде на скелето,
- Право тегле на Беш чинар;
- Там излезе од коработ,
- И отвори бели чадар.
- Как си виде Дојчин јунак,
- Та си вјахна брза коња,
- Та си слезе на Беш чинар;
- Од далеку се предвикна,
- На Турчина му говоре:
- „Море турски челебиа,
- Море Турчин чужја вера!
- Заш’ не идеш на скелето,
- Да си платиш тешки ѓумрук,
- Тук си дошол на Беш чинар?“
- Турчин веле и говоре:
- „Ја не дојдоф да ви плаштам,
- Да ви плаштам тешки ѓумрук;
- Тук сум дошол од Султана,
- Да повелјам град Солуна.“
- На Дојчин му жал паднало,
- Та си крена боздогана,
- Та си фрли по Турчина;
- И боздоган му утече,
- И не погоди Турчина.
- Тога Турчин се предвикна:
- „Излезите од коработ
- Да фатиме Дојчин јунак!
- Дојчин назад се поврна,
- Дробни солзи си пророни,
- Отиде на седум кули,
- На дружина им говори:
- „Што седите, што гледате?
- Дошла турска челебиа,
- Челебиа чужја вера;
- Што чиниме да чиниме,
- Град Солуна да чуваме.“