Прејди на содржината

Дипломатски допис од бугарската влада до владата на Србија - 1900

Од Wikibooks

(преземено од книгата "Der Mazedonische Knoten, Die Identitaat der Mazedonier dargestellt am Bispiel des Balkanbundes 1878-1914" од Hans-Lothar Steppan.)

Документот е цитат од дипломатски извештај 237 од Белград, 6.12.1909, 14403 од Германското министерство за надворешни работи:

Извештај кој бугарската влада и’ го испрати на српската влада во 1900 (1900 не е печатна грешка), а една копија му беше доставена и на господинот Фон Рајхенау, царски дипломатски пратеник во Србија:

Имаме неспорни докази, а и случувањата во послениве години јасно покажаа дека големото мнозинство на христијанското население во Македонија секоја поделба на сфери на влијание ја сфаќа многу непријателски. Нивната желба оди до таму, да им се гарантира личната безбедност и правото на сопственост, и да им биде дадена слобода мирно и мирољубиво да се развиваат и да ги уживаат сите права на рамноправни отомански државјани според меѓународните договори и законите на Отоманското Царство.

Секаков обид за било каква поделба кај македонското население би предизвикало огромно незадоволство и во оваа братска земја би причинил еден таков раздор и неединство, што би можело да изврши многу штетно влијание не само врз тамошното население, туку и врз мирот и редот како во Бугарија, така и во Србија. Кога пред некоклу години, за првпат беше отворено прашањето на „сфери на влијание“, од страна на населението во Македонија кон нас беа упатени најжестоки протести по однос на ова прашање. Населението со сите сили се бореше против една ваква поделба и се изјасни дека никогаш не сака да се стави ниту под старателство на Бугарија, нито пак под она на Србија.

Идејата за сепарација и самостоен развиток за кратко време стана толку популарна, што во многу места во Македонија почна да се оспорува постоењето на било какви племенски сродства или други врски меѓу тамошното население и оние од другите балкански држави.