Прејди на содржината

Дека се чуло и видело

Од Wikibooks
Дека се чуло и видело,
Мома за ерген да плаче. (х2)
Мома за ерген да плаче,
Куту Марика за Кољо. (х2)
Љуто ој плакала калнала,
Млади војници да збират. (х2)
Млади војници да збират,
И тебе Кољо те збират. (х2)
И тебе Кољо да збират,
На граница да те носат. (х2)
На граница да те носат,
Ти сирмаx Кољо да градиш. (х2)
Пушка да пукне бре Кољо,
У тебе Кољо да јудре. (х2)
У тебе Кољо да удре,
На лева страна да јудре. (х2)
На лева страна да јудре,
У десно рамо да испадне. (х2)

Оваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.

Надворешна врска

[уреди]

Во изведба на Коста Новакис