Девојченце, девојченце

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Девојченце, девојченце,
Љубиш ли ме мене ?
Девојченце, љубиш ли ме мене?
Јас те љубам, јас те љубам,
На сон те сонувам,
Јас те љубам, на сон те сонувам.
Штом сонуваш, штом сонуваш,
На кого кажуваш?
Штом сонуваш на кого кажуваш?
Јас кажувам, јас кажувам,
На мојата мајка,
Јас кажувам на мојата мајка.
Штом кажуваш, штом кажуваш,
Што ти мајка вели?
Штом кажуваш што ти мајка вели?
Мајка вели, мајка вели,
Заљуби го ќерко,
Мајка вели, заљуби го ќерко.

Надворешна врска[уреди]

Музика