Давај ме мила мамо, давај ме
Изглед
- Давај ме мила мамо, давај ме,
- За тоа мила мамо циганче.
- Аман, оф аман, мила мамо,
- Тоа циганче.
- Устата му е мамо, кутивче,
- Забите му се мамо, бисери.
- Аман,оф аман, мила мамо,
- Заби-бисери.
- Куќата му е мамо, колиба,
- За мене, мила мамо, палата.
- Аман, оф аман, мила мамо,
- За менe-палата.
- Дење го гледам мамо, циганче,
- Ноќе го гледам мамо, галабче.
- Аман, оф аман, мила мамо,
- Ноќе-галабче.