Градови и села

Од Wikibooks
Прејди на: содржини, барај

Гевгелија[уреди]

Историја

Гевгелија како град почнала да се развива уште од средината на 19 век, кога населението од овие краеви ја почуствувало потребата да создава современа населба во помош на на минувачите-трговци и да биде домаќин на нивните патувања кон Блискиот Исток со многубројни анови.

Не смее да се занемари фактот дека Гевгелија е излезот на Република Македонија во Европската Унија.

Историја На Градот

Секој град има раѓање, постоење, име луѓе, пејсаж, симбол, сегашнина и иднина.

Секој народ го бележи својот пат низ летописот на поколенијата-да се создава светот од денес за во иднина и да ја печати опстојбата до вчера. Само така се негува вековната традиција, духот како огледало на културното живеење.

Ако може да се поттикне добриот патник намерник да го посети домот на гостопримството, тогаш тоа сигурно ќе го стори топлината на градот, градот на најјужната точка во Република Македонија, крај самата граница со Република Грција, градот на срдечноста - ГЕВГЕЛИЈА.

..Топлиот дух на гевгеличани се уште ја памети легендата за еден дервиш кој дошол и не сакал да си оди од Гевгелија бидејќи многу му се допаѓало местото.

Жителите не сакале да го примат и решиле насила да го прогонат. Разлутен од тоа, дервишот почнал луто да ги проколнува жителите кои се исплашиле и го повикале назад со зборовите гел-гери што значи ела назад. Иако легенда, гевгеличани не сакаат да ја прекршат заклетвата на предците-секогаш да бидат добродојдени оние што одлучуваат да ги задомат своите идеи во градот, оние што се подготвени за нови предизвици, за нови доживувања. Старите хроники бележат дека Гевгелија како град почнала да се развива уште од средината на XIX век, кога населението од овие краеви ја почуствувало потребата да создава современа населба која ќе им пркоси на минувачите-трговци и ќе биде домаќин на нивните патувања кон Блискиот Исток со многубројни анови. Во тој временски период, реката Вардар иако пловна, не можела да го задоволи транспортот на стоки, па во 1873 година доаѓа до изградба на железничката линија Солун-Скопје. Вистински градски лик Гевгелија добива во 1886 година, кога во административно-управен поглед станала средиште на посебна каза-Гевгелиска.

Од овој временски период многу земјоделски производи успевале тука, благодарејќи на поволната клима и плодното земјиште и се извезувале преку солунското пристаниште. Меѓутоа стопанскиот развој на Гевгелија се претпочита во периодот од 1860 до 1912 година кога се развило мануфактурното и индустриското производство, а градот познат и како град "Oд станица до граница" ќе биде уште попознат со многубројните занаетчиски дуќани: чевларски, коларски, столарски, самарџиски, кројачки.

Некогаш Гевгелија бил град на незаборавните серенади, денес Гевгелија е град на сонцето, град на топлината.