Прејди на содржината

Градел Илија манастир

Од Wikibooks
Градел Илија манастир,
Градел Илија манастир, оф аман, аман,
На врв на Пирин Планина.
Оздола иде Илина,
Оздола иде Илина, оф аман, аман,
И на Илија говори:
"Земи ме батко Илија,
Земи ме батко Илија, оф аман, аман,
Во твојта темна ќелија."
"Не можам сестро Илино,
Што ти се руси косите, оф аман, аман,
И ти играат очите."
"Косите ќе ги исечам
Очите ќе си ги скротам
Косите ќе ги исечам, оф аман, аман,
Очите ќе си ги скротам. "

Надворешна врска

[уреди]

Музика