Го фатиле клети Турци едно моме
Изглед
- Го фанале клети Турци
- едно моме најубаво
- го фанале клети Турци, клети Турци
- најубаво во селото.
- Му врзале двете раце
- двете раце наопаку
- му врзале двете раце, двете раце
- двете раце наопаку.
- Кажи кажи лично моме
- кај се крие Гоце Делчев?
- Кажи, кажи лично моме, лично моме
- кај се крие Гоце Делчев?
- И да умрам, да загинам
- јас за Гоце не кажувам!
- И да умрам, да загинам,клети Турци
- јас за Гоце Не кажувам!