Готвач:Пита со тиква
Изглед
Пита со тиква
Потребни Состојки:
400гр.тенки кори за пита 500гр. тиква 150гр.шеќер 100гр. путер малку цимет ванилин шеќер за мирис 1 лимон слатка павлака или млеко
Начин на спремање:
Тиквата се ренда, се додава шеќерот, циметот, сок и кора од еден лимон. Плехот се према чкува со путер и во него се редат корите - секоја се пропрскува со растопен путер. Прво се става една третина од корите, па половина од преливот, повторно третина од корите, па втората половина од преливот и на крај пак остатокот од корите.
Последната кора се посипува со малку млеко или павлака и се пече. Испечената пита се посипува со шеќер во прав.