Прејди на содржината

Готвач:Италијанска кујна

Од Wikibooks

Изобилството на производи и гастрономското наследство ја вбројуваат италијанската кујна меѓу најпопуларните во светот. Карактеристично за италијанската кујна е што секој регион има свои особености. Географските промени од северот кон југот резултирале со мноштво разновидна храна, но историското влијание одиграло важна улога. Така на пример сицилијанската кујна и денес го задржала влијанието на арапската кујна, а унгарскиот гулаш може да се проба и во Трст.

Италијанската трпеза е секогаш богата со разновидна храна, но тоа што секогаш е присутно е регионалната посебност, високиот квалитет на производите и чувството за традиција. На почеток на оброкот се служи предјадње кое обично има пет дела, потоа следува првото јадење со избор на разни јадења од тестенини или ориз, а по тоа следува второто јадење во кое има месо или риба со прилог од зеленчук; следува сирењето и на крајот десерт и кафе еспресо. Предјадењето може да се состои само од пршута или маслинки со леб или од петнаесетина вкусни залаци чии состојки варираат од регион до регион. Месните преработки како мортаделата, светски познатата париска пршута и разните салами се неизоставен дел на предјадењето, а може да се сервираат сами или со свежо овошје. Рибата и морските плодови особено се популарни како предјадења во

приморските краеви. Во салатите од морски плодови најчесто се користи октопод и разни видови на школки. Зеленчукот може да се служи свеж (во салатите) или варен и зачинет со маслиново масло и свежи ароматизирани растенија. Неколкуте предјадења може да претставуваат самостоен оброк, кој се надополнува со крцкав леб или палента. Се продолжува со свежо овошје и сирење и на крај се заокружува со јако кафе еспресо.