Готвач:Грозје
ГРОЗЈЕ
Веќе со години се појавуваат докази дека конзумирањето на црно вино е добро за срцето, а сега експертите тврдат дека хемикалијата од лушпата на црното грозје дополнително ќе ви го продолжи животот.
David Sinclair, професор од Харвард, тврди дека хемикалијата ресвератрол има моќ да го успорува стареењето.
По низата истражувања, експертите сметаат дека со овие докази може да се направат радикални промени во медицината.
Лабараториски глувци биле изложени на ресвератрол во експериментални услови, и биле речиси целосно имуни на ефектите од дебелеењето, не заболувале од дијабетис, рак и Alzheimer-овата болест.
Меѓутоа, одредени научници сметаат дека постојат малку докази за делотворноста на овој "лек", но Sinclair е повеќе од убеден дека го открил "еликсирот на животот".
Според него, ресвератролот го активира протеинот сиртуин, кој на експерименталните глувци им го продолжил животот за 30%.
Sinclair смета дека ресвератролот има исто влијание и кај човекот, а во блиска иднина тоа и ќе го докаже.