Прејди на содржината

Готвач:Банана

Од Wikibooks

БАНАНА


Како што е веќе познато бананите се вистински мали складишта на енергија, но освен што помагаат да останеме во добра форма, тие може да помогнат во надминување или спречување на огромен број болести.

лек за нерви Бананите содржат големи количини Б витамин кој го смирува нервниот систем.

борец против стрес Калиумот е минерал кој помага во нормализирање на отчукувањата на срцето, испраќа кислород до мозокот и ја регулира количината на вода во телото. Кога сме под стрес, нашиот метаболизам се забрзува, па нивото на калиум се намалува. Рамнотежата може да се врати со залче банана.

помага при депресија Причина за тоа е триптопханот кој се наоѓа во бананата. Триптопханот е вид белковина која телото ја претвора во серотонин познат по тоа што не опушта и го подобрува расположението.

против висок крвен притисок Бананата е богата со калиум, а содржи малку сол што ја прави совршен лек за оние кои имаат висок притисок.

го ублажува ПМС-от Витаминот Б6 кој го има во ова овошје го регулира нивото на глукоза во крвта која пак влијае на расположението.

за анемичарите Бананата е богата со железо и го поттикнува создавањето на хемоглобин во крвта што помага кај анемијата.

го подобрува помнењето Калиумот кој го има во бананата ја поттикнува концентрацијата и помнењето.

лек против мамурлук Фрапе од банана засладен со мед е еден од најздравите природни лекови против мамурлук. Бананата го смирува желудникот и со помош на медот го надоградува потрошеното ниво на шеќер, додека пак млекото хидрира.

против чир на желудник Бананата е единственото свежо овошје кое може да се зема без да има последици кај хроничните болни. Таа е и лек против нарушената работа на цревата. Бананата ја неутрализира пресилната киселина и ја намалува надразнетоста обложувајќи ја внатрешноста на желудникот.

Со банана против брадавици Ако сакате да отстраните брадавица, земете кора од бананаи ставете ја со жолтата страна свртена нагоре. Кората прицврстете ја со фластер некое време.

За контрола на температурата Во многу култури бананата се смета за овошје кое лади и ја намалува физичката и емоционалната температура кај бремените жени.