Прејди на содржината

Готвач:Јагода

Од Wikibooks

Шумска јагода

Шумската јагода (Fragaria vesca) расте дива ширум северната хемисфера. Сите видови на јагода имаат базичен хаплоиден број од 7 хромозоми; Fragaria vesca се диплоидни, и со тоа имаат два пара на вакви хромозоми, значи вкупно.

Шумската јагода се одгледувала насекаде во Европа пред да биде во голема мера заменета со градинарската јагода (Fragaria x ananassa и други хибриди), кои даваат многу поголеми плодови. Плодот на шумската јагода е многу посилен по вкус и арома, и со уште се одгледува во мали количества кои се продаваат на гурмани.

За разлика од највеќето комерцијални сорти на јагоди, шумските јагоди ретко пуштаат надворешни коренчиња, и обично се размножуваат со семки или поделба на растението.

Некои сорти на F. vesca даваат зелени, бели или жолти јагоди при зрелост, покрај нормалните црвени јагоди.

F. vesca понекогаш се користи во билната медицина; билниот чај од листовите, стеблата и цветовите на ова растение се мисли дека лечи пролив.