Гледај ме, гледај либе
Изглед
Гледај ме, гледај либе е македонска народна песна.
Текст на песната
[уреди]- Гледај ме, гледај либе
- гледај ме, гледај, ах верно либе
- нагледај ми се.
- Денес сум тука либе
- денес сум тука
- денес сум тука ах, верно либе
- утре заминвам.
- Партизан ќ'одам либе
- Партизан ќ'одам
- Партизан ќ'одам ах, верно либе
- Славеј Планина
- Славеј Планина, либе
- Славеј Планина
- Славеј Планина ах, верно либе
- во Караорман.
- Од там ќе гледам либе
- Од там ќе гледам
- Од там ќе гледам ах, верно либе
- славна Дебарца.
- Славна Дебарца либе
- славна Дебарца ах, верно либе
- се' изгорена.
- Ја изгореле либе
- ја опљачкале
- ја изгореле ах, верно либе
- ѕверој фашисти.