Прејди на содржината

Германски јазик/Сложенки

Од Wikibooks

Германскиот јазик содржи многу сложени зборови, кои се составени од два или повеќе збора. Родот на сложенката е секогаш ист со последниот од составните зборови.

  • das Haus + die Nummer = die Hausnummer
  • der Apfel + die Pfanne + der Kuchen = der Apfelpfannkuchen

за да се олесни изговорот, често се додава сврзувачки глас (Fugenlaut), кој најчесто е -(e)n или -(e)s.

  • die Orange + der Saft = der Orangensaft
  • der Liebling + das Essen = das Lieblingsessen
Нема одредени правила кога се додаваат сврзувачки гласови, но зборови кои завршуваат на -ling, -ion, -heit, вообичаено добиваат сврзувачки глас -s-.

Сложенките можат да бидат составени од различни зборовни групи, како што се именки, глаголи или придавки.

  • fahren + die Karte = die Fahrkarte
  • groß + die Stadt = die Großstadt
  • hell + blau = hellblau
Доколку првиот збор е придавка или прилог не се додава сврзувачки глас.

Примери

[уреди]

Без сврзувачки глас

[уреди]
  • der Apfelbaum: der Apfel (јаболко) + der Baum (дрво) - јаболкница
  • das Schlagzeug: der Schlag (удар) + das Zeug (ствар) - тапан
  • das Flugzeug: der Flug (лет) + das Zeug (ствар) - авион
  • das Spielzeug: das Spiel (игра) + das Zeug (ствар) - играчка
  • das Feuerzeug: das Feuer (оган) + das Zeug (ствар) - запалка
  • der Hand­schuh: die Hand (рака) + der Schuh (чевел) - ракавица
  • der Schlafanzug: der Schlaf (спиење) + der Anzug (костум) - пижама
  • die Zusammenarbeit: zusammen (заедно) + die Arbeit (работа) - соработка
  • der Schreibtisch: schreiben (пишува) + der Tisch (маса) - работна маса

Со сврзувачки глас

[уреди]
  • die Sonnenblume: die Sonne (сонце) + die Blume (цвеќе) - сончоглед
  • der Sonnenuntergang: die Sonne (сонце) + der Untergang (заоѓање) - зајдисонце
  • das Lieblingsessen: der Liebling (мил) + das Essen (јадење) - омилено јадење
  • das Nummernschild: die Nummer (број) + das Schild (знак) - регистарска табличка
  • der Arbeitstag: die Arbeit (работа) + der Tag (ден) - работен ден