Прејди на содржината

Германски јазик/Додатоци/Колку е часот?

Од Wikibooks

Wie spät ist es?


  • Wie spät ist es? - Колку е часот? (буквално: Колку е доцна?)
  • Es ist ... Uhr. - Часот е ...
  • Um wie viel Uhr? - Во колку часот?

Правете разлика помеѓу именките die Uhr - часовник и die Stunde - час.

  • Wo ist meine Uhr? - Каде ми е часовникот.
  • Eine Stunde hat sechzig Minuten. - Еден час има шеесет минути.

Die Uhr за време го користиме само кога кажуваме што покажува часовникот односно одредена точка во времето, но никогаш за бројот на часови.

Час "без минути"

[уреди]
Часот е два. Часот е шест. Часот е единаесет.
Es ist zwei Uhr. Es ist sechs Uhr. Es ist elf Uhr.

Час и минути

[уреди]
Часот е два и шеснаесет минути. Часот е пет и четириесет и пет. Часот е седум и триесет и четири минути.
Es ist zwei Uhr sechzehn. Es ist fünf Uhr fünfundvierzig. Es ist sieben Uhr vierunddreißig.

Часот со предлогот nach

[уреди]

Кога имаат поминато само неколку минути од часот, можеме да го искористиме предлогот nach. На пр. за 10:05 можеме да кажеме Es ist fünf nach zehn, што буквално може да се преведе како Часот е пет (минути) после десет.

Часот е четири и дванаесет. Часот е седум и седум. Часот е единаесет и четиринаесет.
Es ist zwölf nach vier. Es ist sieben nach sieben. Es ist vierzehn nach elf.

Часот со предлогот vor

[уреди]

Кога од часот преостануваат само неколку минути, можеме да го искористиме предлогот vor, што е слично како и на македонски. На пр. за 02:50 можеме да кажеме Es ist zehn vor drei, односно Часот е десет до три.

Часот е пет до пет. Часот е десет до девет. Часот е десет до три.
Es ist fünf vor fünf. Es ist zehn vor neun. Es ist fünf vor drei.

Половина час

[уреди]

Кога има поминато половина час, на германски се изразува поразлично од македонски. На пр. за 08:30 на македонски би кажале Часот е осум и пол, додека на германски Es ist halb neun што буквално би се превело Часот е пола девет, слично како на српски.

Часот е два и пол. Часот е шест и пол. Часот е седум и пол.
Es ist halb drei. Es ist halb sieben. Es ist halb acht.

Четвртина час

[уреди]

Кога имаат поминато или пак преостануваат 15 минути од часот се користи дропката Viertel (четвртина) заедно со предлогот nach, односно vor. На пр. за 6:15 можеме да кажеме Es ist Viertel nach sechs, што буквално би се превело како Часот е четвртина после шест.

Часот е четири и петнаесет. Часот е осум и петнаесет. Часот е осум и четириесет и пет.
Es ist Viertel nach vier. Es ist Viertel nach acht. Es ist Viertel vor neun.

Tageszeiten

[уреди]
  • der Morgen - утро
  • der Vormittag - претпладне
  • der Mittag - пладне
  • der Nachmittag - попладне
  • der Abend - вечер

Правете разлика помеѓу именката der Morgen - утро и прилогот morgen - утре.