Германски јазик/Додатоци/Азбука
Изглед
Das Alphabet
Германската азбука се состои од 26 букви од латинската азбука, плус четири специјални букви.
- A a, B b, C c, D d, E e, F f, G g, H h, I i, J j, K k, L l, M m, N n, O o, P p, Q q, R r, S s, T t, U u, V v, W w, X x, Y y, Z z
Специјални букви се:
- Ä ä, Ö ö, Ü ü, ẞ ß
Изговор
[уреди]Изговор | Пример | ||
---|---|---|---|
sch | се изговара како ш | Tisch | |
tsch | се изговара како ч | Deutschland | |
eu | се изговара како ој | Euro | |
ei | се изговара како ај | leider | |
st | се изговара како шт кога се наоѓа на почетокот од зборот | Stadt | |
sp | се изговара како шп кога се наоѓа на почетокот од зборот | Sport | |
w | се изговара како в | Wasser |
Самогласки
[уреди]Самогласките може да се изговорат на два начини, кратко или долго. Кога се наоѓаат пред две исти согласки, ck, ch или tz, се изговараат кратко. Самогласките се изговараат долго кога се наоѓаат пред h или ß. I се изговара долго ако после него следува e.
Кратко | Пример | Долго | Пример | |
---|---|---|---|---|
a | Tasse | Straße | ||
e | Dreck | nehmen | ||
i | bitte | sieben | ||
o | Koffer | Sohn | ||
u | Wuppertal | Fuß |