Прејди на содржината

Врана коња јавам јас

Од Wikibooks
Врана коња јавам јас,
Одам по невестата,
Одам по невестата,
Дал' ќе ми ја дадат.
На сред село тапан чука,
Оро се вие,
Оро се вие,
Мома водеше.
Татко и ја дава,
Село не ја дава,
Село не ја дава,
Оти е убава.
Ќе умрам мајко, загинам,
Без неа дома не одам,
В село слуга ќе бидам,
Само неа да гледам.

Надворешна врска

[уреди]

Музика