Прејди на содржината

Во борба Македонци против Македонци

Од Wikibooks

Учествувајќи во првите борбени редови на завојуваните страни, Македонците меѓусебно се биеле во полза на бугарските и на српските команди на позициите на Осоговските Планини, во битката на Брегалница и на многу други места.-Свесно уништување на македонската иднина

На фронтот на 1. српска армија биле спротивставени единиците на Македонско-одринското ополчение. Бугарските единици ја поминале Злетовската Река, ги одбиле претстражните одреди на Шумадиската од првиот и на Моравската од вториот повик и во текот на денот ја зазеле линијата село Дренак-Кала (кота 798). За тоа време, Шумадиската прва ги запоседнала позициите: село Барбарево-Горни Стубел-Црни Врв, а Моравската дивизија од вториот повик: Пониква-село Близнаци-Мушково. На Осоговските Планини, третиот. баталјон на Македонско-одринското ополчение ги зазел Ретки Буки. Во меѓувреме, бугарската Врховна команда решила битката да се засили во правецот на третата. српска армија, а не на порано утврдените позиции на Светиниколската Река.

Поради тоа, српската Врховна команда наредила: првата. српска армија да премине во напад во правецот на Рајчански Рид-Кочани, обезбедувајќи ја левата страна кон Ќустендил; третата. армија да остане во одбрана на достигнатите позиции, а во противнапад да помине кога првата. армија ќе ги започне дејствата. Црногорската дивизија да се префрли од Скопје во Куманово, а Шумадиската дивизија од првиот повик да се упати како засилување на третата. армија.

Во прилог на македонската трагедија, потребно е да се истакне дека на бугарската страна на десното крило на четвртата. армија биле единиците на Македонското ополчение, во кои се бореле Македонци, а на спротивната страна, во српската војска во Дунавската дивизија од првиот повик се борел Осоговскиот одред, исто така, составен од мобилизираното македонско население. Учествувајќи во првите редови на завојуваните страни, Македонците меѓусебно се биеле и убивале во полза на бугарските и на српските команди на позициите на Осоговските Планини, наизменично освојувајќи ги во постепени јуриши Царев Врв, Ретките Буки, Дервишица и Банковиот Чукар.

Следниот ден, односно на 1 јули 1913 година бугарските единици го продолжиле нападот врз единиците на третата. српска армија. Десното крило на Дринската првата дивизија се повлекло кон Богословец, а нападот кај Ежово Поле и на Лозјанскиот Рид биле одбиени.

Околу 16 часот, борбата продолжила и траела до вечерта. На левото крило на Моравската дивизија се развила блиска борба со наизменични јуриши од двете страни. Бугарите имале поголеми успеси на Руен. Околу пладне, српската војска извршила јуриш, по што бугарските сили биле одбиени источно од Руен. Притоа имало бројни жртви на двете страни, а бугарските единици се повлекле кон Злетовска река. На десното крило, бугарската втора. дивизија го продолжила нападот од Штип кон Пепелиште и го зазела Драгоево. Со тоа ја принудила Тимочката дивизија од втората повик на повлекување и ја одвоила од третата. армија. Првата армија ги отфрлила деловите на 7. бугарска дивизија на левиот брег на Злетовската Река.