Прејди на содржината

Воденска средба во Скопје

Од Wikibooks

ВОДЕНСКА СРЕДБА ВО СКОПЈЕ Група ентузијасти од Воденско ја организираа Првата Воденска средба во Скопје, во паркот-месноста „Кермес“, во м. мај 1974 година. Беа отпечатени покани со најава на Програмата и со фотографии на женски воденски носии. Каталогот беше напечатен во боја и е зачуван во мојата архива. На програмата беа застапени песни од Егејска и Вардарска Македонија. Пееја Васка Илиева и Александар Сариевски со играорна група и заедничка веселба. Настапија со родољубива поезија поети од Егејска македонија: Ташко Георгиевски, Иван Чаповски, Ѓорги Ајановски, Ристо Јачев, Марија Воденска Пени Трповски и Петре Бицов. Марија Воденска настапи со поемата:Враќање назад дали ќе има? Поемата „Враќање назад дали ќе има е напишана по тој повод и прчитана на Средбата пред ресторанот Ќермес„ во Скопје. Потоа е отпечатена во в. за странство „Македонија„ кое беше во редакцијата на Списанието за странство, а уредник беше Христо Андоновски од с. Цакони Воденско, кој исто така беше еден од иницијаторите за Воденската средба. Покрај него беше и Пени Трпковски од Саракиново, Воденско, како и Крсте Нушков од Пожарско.Еден од поактивните иницијатори од Штип беше Мице Грков и Ташко Пеливанов двајцата од Саракиново. Главен организатор и родољуб беше Коле Рошев кој беше истражувач на комитите и војводите од Егејска Македонија, а родум од с. Саракиново, Воденско. Воденската средба потоа це вклопи во Здружението на Македонците од Егејска Македонија со седиште во Битола, а од 1993 година прерасна во Здржение нМЕМ„ЕГЕЈ“ со седиште во Штип. Овие активности заслужуваат да останат во историјата на Македонците од Егејска Македонија. Здружението Егеј се самофинансираше самостојно, со никакви донации од ниедна асоцијација или фонд.