Прејди на содржината

ВОВЕД

Од Wikibooks

УДАР ВРЗ АВТОНОМИСТИЧКОТО ДВИЖЕЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ

Македонската борба во грчката национална историја се смета за херојска борба на Грците во Македонија во периодот 1904-1908 година за зачувување на нивниот национален идентитет и независност. Но, таа херојска борба постои само во книгите на грчките историографи.

Грчката антимакедонска борба е систематски напор што го вложила грчката држава во почетокот на 20 век за да му зададе удар на национално-демократското автономистичко движење на Македонците. Во таа борба, грчката држава и националистичката парадржава му станале сојузник на отоманскиот естаблишмент. Грчките платенички банди посеале ужас и смрт низ македонските села и се обиделе безуспешно да го спречат развојот на македонската национална идеологија и на демократско-автономистичката борба на Македонците.

Низ страниците на оваа книга, врз основа на објавените мемоари на грчките македономахи (борци на Македонија), како и на голем број необјавени грчки историски документи првпат се презентира антимакедонската природа на оваа борба.

ДИМИТРИС ЛИТОКСОУ