Б) Работничко самоуправување

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

б) Работничко самоуправување

Во екот на најголемата централизација, сред раководните структури на КПЈ созреваше идејата за неопходност од изнаоѓање нови решенија на општествената организација и стопанскиот развој. Во изворнаа документација од тоа време нема податоци за генезата и еволуцијата на оваа идеја. Според наше мислење, најверојатно е дека се работело за се' уште нејанси идеи, што биле разгледувани во потесниот круг од раководниот состав на ЦК КПЈ и Владата на ФНР Југославија. Во уводот од записникот на Политбирото на ЦК КПЈ од 1949 година не среќаваме никакви траги за ваква идеја. Меѓутоа, стопанските структури на Владата на ФНР Југославија поставуваа во Централното веќе на Сојузот на синдикатите на Југославија некои прашања сврзани со поефикасна организација на стопанството и изнаоѓање форми за поактивно учество на работниците во процесот на производството и во одлучувањето во претпријатието. Што се однесува до самото потекло на оваа идеја, Едвард Кардељ во своите “Сеќавања”,<Едвард Кардељ, Самоуправувањето - една од главните причини за судирот - Борбата за признавање и развитокот на нова Југославија 1944-1957. Сеќавања, “Комунист”, Скопје, 1980, с. 155-156.> наведува дека група раководители на КПЈ го посетиле Тито во Сплит пролетта 1949 година и со него воделе расправи за идејата во врска со воведувањето на работничките совети. Тито внимателно го проучил предлогот и не само што се согласил со него, туку сметал дека самоуправувањето е единствнео можниот пат во социјализмот. Притоа, се поаѓаше уште од старата предмарксистичка работничка парола. “Земјата на селаните - фабриките на работниците”.

Франција преку своите специјални експерти, покрај дипломатските и други претставници во Македонија и Југославија, со нагласен интерес ги следела првите зачетоци на појавата а потоа и развојот на работничкото самоуправување. Во архивскиот фонд во Нант постои следнава документација. серија - Скопје, волумен бр. 9, “Белешки и документарни студии - потекло и општи карактеристики на работничките совети”. Притоа, се нагласува дека првите пробни работнички совети се основани по иницијатива на синдикатите во декември 1949 година, а во првата половина на 1950 година веќе беа основани и првите работнички совети во некои претпријатија: “овој прв експеримент покажа задоволителни резултати...”< Archives diplomatique... Nantes..., Fond, Етат Генерал... Serie, Скопје, vol. 9. - Белешки и документарни студии. Потекло и општи карактеристики на работничките совети во Југославија.>

КПЈ во пролетта 1949 година ја напушти својата дефанзивна позиција во однос на Информбирото и започна да развива една поофанзивна стратегија насочена кон изнаоѓање на едне нов алтернативне систем на општествено-економските односи, кајно спротивен на воспоставените односи во Советскиот Сојуз. Патот на изнаоѓањето на тој алтернативен т.н. “модел” кај нас беше линиарен и лишен од противречности. За тоа сведочи целокупниот југословенски развој во 1949 година од една страна, колективизацијата и продолжувањетона процесот на бирократизацијата, а од друга почетните знаци на децентрализцијата.

Идеите изнесени и расправан кај Тито, пролетта 1949 година, добија сосем конкретни форми есента истата година. Новите мерки Владата ги спроведуваше преку синдикатите. Упатството за организирање и работа на работничките совети го донесе на 24 декември 1949 година. Централното веќе на Сојуз на синдикатите на Југославија.< Резолуција Тречег пленума ЦК КПЈ... седница Централног комитета КПЈ 1948-1952 - Извори за историју СКЈ... Приредили: Бранко Петрановиќ, Ранко кончар, Радован Радонјиќ. “Комунист”, Београд, 1985, с. 483-490. Во него, меѓу другото, се набележани основните постапки сврзани со образувањето и задачите на работничките совети, а посебно со исполнувањето на планските задачи.>

Првобитната одлука тргнуваше од тоа работничките совети во оваа фаза да имаат експериментален карактер. Издвоени се претпријатија по југословенските републики во кои теба да се воведат работничките совети. Кон создавањето на првите работнички совети во НР Македонија е пристапено уште во почетокот на 1950 година, во духот на упатството на Стопанскиот совет на ФНР Југославија и Централниот одбор на Сојузотна Синдикатите на Југославија од декмври 1949 година, и тоа само во еден дел од стопанството во земјата, посебно во поголемите претпријатија.

Во почетокот, првите работнички совети дејствуваа како советодавни органи. Со влегувањето во сила на Законот за трудбеничкото управување, од крајот на јуни 1950 година, па се' до крајот на септември истата година, беа извршени избори за работничките совети и управни одбори во сите постојни претпријатија и фабрики од сојузно, републичко и локално значење. На тој начин, работнички совети и управни одбори беа избрани во 488 претпријатија, со вкупно 10.257 изборни членови на аботничките совети, од кои 7.149 беа аботници и 3.108 службеници, што одговараше на законската пропорција 7 спрема 3.<Архив на ЦК СКЈ, Београд, сигн. XI -2/4 - Анализа и состојба на работничите совети и управни одбори на територијата на НР Македонија (работена на 15. XI 1951 година).> Во истиот временски интервал, јуни-септември 1950 година, беа организирани и изборите за управни одбори, при што во 488 управни одбори беа избрани 3.244 членови, од кои 1878 работници и 1366 службеници.<Исто таму... Анализа... сигн. XI -2/12 - Информација о развоју и раду радничких савета у НР Македонији (работена при ЦК КПЈ од 9. 08. 1952 година).>

Легализацијата на работничките совети, спроведена врз основа на Законот за управување на стопаството на државните стопански претпријатија и повисоките стопански здруженија од страна на работните колективи донесен на 26 јуни 1950 година, настана како логична последица на општествено-економската стварност за социјалситичката изградба и демократизација на социјалистичките односи кои, според Ј. Б. Тито, “се доследно продолжение на низата мерки што ги спроведува нашата нродна власт... можеби некој мисли дека тој закон ќе биде пребрзо донесен, дека работниците не ќе можат да ја совладаат комплицираната техника на управување со фабриките и другите претпријатија. Оној што мисли така, тој се лаже, а таквото гледање на тоа прашање би значело да се има недоверба во нашите трудбеници...”. <Трудбеничко управување со стопанството - Говор одржан на 26 јуни во Народната скупштина на ФНР Југославија, по повод предлогот на Основнито закон за управување со државните стопански претпријатија и вишите стопански здруженија од страна на аботните колективи - “Комунист”, г. ИВ /4-5, јули-септември 1950, с. 1-2.>

Процесот на децентрализација, започнат кон крајот на 1949 година, продолжи во наредните години и во сферата на државните организации. Затоа доаѓа и до реорганизација на владаа, во смисла на создавање совети за одделни гранки и пренесување на дел од компетенциите од сојузните органи на републичките.

Според француските анализи, во првата половина на 1950 година беа основани 215 работнички совети во поголемите претпријатија и Владата пристапи кон воведување на работнички совети во сите претпријатија во наредните години, освен во железниците и поштенскиот сообраќај.< Archives diplomatique... Nantes... Serie, Скопје, vol. 9. - Белешки и документирани студии...>

Според нивни гледања, работничкото управување е чекор напред во однос на административно-централистичкиот систем, но како функционира неговото остварување во практичниот живот е друго прашање.<Исто таму...> Системот на работничкото самоуправување бил воведен од 1952 година и во институциите на воспитанието и образованието, во социјално-здравствнеите организации, социјалното осигурување.<Исто таму...>

Со развојот на работничкото самоуправување во процесот на децентрализацијата во стопанството и администрацијата федералната влада се трансформира во Сојузен извршен совет, а комуните (општините) имаа функција на извесна автономија - комуните располагаа со сопствени финансиски извори: “југословенската комуна нема ништо заендичко со класичната комуна што ги влече своите корени од Париската комуна”.<Исто таму...> Од 1952 година се воспоставува Совет на работниците и Совет на производителите, но со воведувањето на работничкото самоуправување, според француски оценки, не престана решавачкото влијание на организацијата на државата, туку има за поселдица извесна модификација на системот на планирање, така што низ еден закон од 1951 година е основана Дирекција за економско планирање во Југославија. Со ова ново планирање, стопанските претпријатија веќе не ги извршуваат слепо производните планови со сите предвидени детали утврдени од федералниот план, туку самите претпријатија имаат елаборати за нивните сопствени планови во кои се предвидуваше обемот и квалитетот на нивното производство, нивните цени, така што “во правото на економскаа организација се дава автономија, се утврдува начинот на нивните економски планови, а во правото на производителите се утврдува посредување на нивните претставници во Советот на производителите, производителите ги остваруваат нивните автономни права врз основа на Уставот и законите во рамките на економските планови...”.<Исто таму...>

Француските експерти во своите анализи и оценки посебен интерес пројавуваат за улогата на директорот во економската организација. Според нивни согледувања, улогата на директорот е многу значајна; од 1950 до 1953 година директорот е назначуван од највисок орган или од надлежен министер, а од 1953 година е назначуван од Комитетот на народната комуна (општина), но врз основа на конкурс и конкурсна комисија избрана од Работничкиот совет: “во случајот не се работи за вистински конкурс како во Франција, туку низ една доста едноставна процедура објавена во јавните гласила”.<Исто таму... vol. 9... белешки и документирани студии...> се избира директор. Преминот од административна управа во стопанството кон работничко управување во основа има реперкусии посебно во моделитетите на формирањетона платите: “навистина, управувањето на претпријатијата се наоѓаше во рацете на самите работници..., но разликата меѓу минималната плата и нивната дефинитивна плата е различна..., тргнувајќи од слабите извори на југословенската економија, платите во Југославија беа многу ниски и се' уште се такви. Но платите пред војната на неквалификуваните работници беа мизерни..., новата револуционерна власт од 1945 година ја сврте целосно ситуацијата нивелирајќи ги платите во корист на првите (неквалификуваните) на штета на вторите (се мисли на повисоките квалификации - б.м.)..., што негативно се одрази на производството и на професионалната наобразба на работниците воопшто. Дури тогаш (раководните власти - б.м.), решија да им ги зголемат платите на квалификуваните и специјалистите..., со воведување на работничките совети ситуацијата се влоши и се зголемија тенденциите за нивелирање на платите во работните колективи..., во 1951 година разликата меѓу платите во принцип беше 1 спрема 3,3...”.<Исто таму...>

Во периодот по Втората светска војна изразито се зголемува бројот на невработените. До 1952 година државата ги утврдуваше платите врз основа на норми и парче и таа ги плаќаше работниците од буџетски извори. Во овој период работниците беа класифицирани по категории од прва до десетта категорија, а во 1952 ои 1953 година и потоа платите се утврдуваа според доходот во претпријатието. Од 1945 до 1952 по 1950 година во основа се модифицирани во нивната форма и содржина и во државата функционираа, според француските анализи, “бројни инспекциски служби кои припаѓаат на разни инспекции: финансиски, пазарни, девизни, работнички, санитетски и други кои ги контролираа претпријатијата”.<Исто таму...> Првите резултати од работничкото дамоуправување, според француски проценки, се согледува најпрвин во општото движење за рационализација, во работните колективи, во нивните органи на управување, и што е најзначајно: “работничкото самоуправување воопшто брзо го ликвидира расипаништвото кое за административната управа или бирократијата во економијата имаше значајно место. Претпријатијата од Македонија навистина морааат да се потчинат на пропозициите со кои се ограничува да се предвиди зголемување на платата што е суштински и многу значајно за директорите и високиот административне и технички персонал..., навистина постои тенденција за зголемување на платите на работниците и службениците, но разликите се крајно изразени и се забележителни меѓу платите на работниците и оние на службениците... во сите околии на Република Македонија според сегашните пропозиции има суштински зголемувања на наградите на управата и личната администрација. Плаќањата понекогаш се двојни.

Во Тиквешка околија се спротивставнеи две мислења во врска со платните фондови: едното претендира дека вишокот од доходот на едно претпријатие треба да се раздели на еднакви делови меѓу сите службеници и работници од самото претпријатие, а другото мислење ја потврдува распределбата на ова покачување да биде на сите работници само од стопанскиот сектор кои придонеле за остварување на овие екстра добивки..., во правилниците за плати утврдени во претпријатијата... се забележува дека работните колективи не учествуваат во нивното изготвување...”.<Исто таму...> Во случајов, во француските анализи се поставува прашањето за мотивот на работниците во работните колективи и се изнесува едно видување и одговор дека има тенденција за се' повисоки плати на директорите и административните службеници во однос на смешните зголемувања на работниците. Така на пример, се посочува Тутунскиот комбинат од Скопје каде 107 жалби биле поднесени од работниците на правилникот за плати, при што се забележува дека секој гледа пристрасно на сопствената плата и настојува да направи споредба со соседните капацитети: “навистина работниците бараат зголемување на платите и понекогаш нивните претензии ги оправдуваат со нивните одговорности кои ги споредуваат со оние на директорот. Понекогаш некои работници тврдат дека немаат никаква потреба од директорите или од аминистративниот персонал... сите ние се сметаме за исто способни..., сепак, постоењето на хиерархија е потреба во нормалното производство”.<Исто таму...>

Според француските проценки, низ статистички бројки се прикажани целокупните вложувања кон крајот на 1952 година и тие изнесуваат 264.599.000 динари, а во текот на истата 1952 година имала планирано само 117.306 илјади динари така што прогресијата по години од 1947 година е утврдена според следниот преглед:<Исто таму...>

Бројот на заштедите на крајот од 1952 година бил 144.772 милиони, наспроти 122.645 во 1951 година... оваа незачителна поделба на заштеди и нивното учество по категории е:<Исто таму... сигн. 9.>

Донесувањето на Законот за работничкото самоуправување не значеше и автоматска замена на административниот со самоуправниот систем, туку тој процес се одвиваше постепено, и периодот од 1950 до 1955 година може да се окарактеризира како преодна фаза од административно-централистички кон самоуправно-трудбенички систем на работничкото самоуправување. Во оваа преодна фаза беа донесени два суштински закона за децентрализација на власта. Општиот Закон за народните одбори од 1952 година и Законот за уредување на општините и околиите од 1955 година.<Исто таму... Општи закон о народним одборима 1952, Сести конгрес КПЈ (СКЈ)... Збирка докумената 1918-1924... цит. д. с. 860-862, 869-874, 900-904. >

Ова, всушност, значеше дека замената на администртивниот со самоуправниот систем се одвивала постапно и во неколку правци: 1) преку воспоставување на органите на работничкото самоуправување, кои постепено преземаа се' повеќе функции; 2) преку постепено намалување на функциите на државните органи и укинување на некои од нив и 3) децентрализирање на надлежностите на државните органи, односно пренесување на некои функции од повисоките на пониските државни, републички па и локални органи. Следствено, во тој процес со децентрализација на стопанството, неминовно мораше да дојде и до децентрализација и реорганизација на народната власт, бидејќи во новиот систем околиите добиваат се' поголемо значење како политички, економски и културни целтри, а општината го сочинува темелот на државното устројство. Во духот на самоуправните напори е укината категоризацијата на претпријатија од сојузен, републички и локален ранг и надлежностите станаа еднакви за сите претпријатија. Според гореспоменатиот закон за уредување на општините и околиите од 1955 година, комуната претставува основна клетка на општественото уредување. Меѓутоа, и покрај постепеното заменување на стариот административно-централистички систем со новиот на работничкото самоуправување, сепак погрешно би било да се смета и за вториот дека сосем е безначајна улогата на државата. Напротив, државните органи и натаму имаат решевачка улога по мошне значајните стопански и други општодржанви прашања, но со таа разлика што нивните решенија се донесуваат најчесто по претходна сестрана анализа, при што земаат учество и непосредните производители преку своите претставници во соборите на работните заендици, па дури и во законодавните органи.<Исто таму... Nantes... vol. 9; Општи... еит. дело. >

Според концепцијата и ставовите на највисоките сојузни и државни и партиски форуми, треба да се нагласи дека целокупната реорганизација, односно децентрализација, почнувајќи од сојузните органи и народните републики па надолу, беше сфатена и се одвиваше во согласност и во духот на самоуправувањето, не како зацврстување на републичката сопственост туку како развоен процес на натамошната децентрализација кон пониските локални органи и претпријатијата. Така, целта на децентрализацијата е во приближување на управувањето со стопанството од страна на непосредните производители, а не во јакнење на републиките. На тој начин е можно да се изврши реорганизација и поедноставно да се премине од позициите на административниот кон новите позиции на непосредно управување од непосредните производители преку воспоставување на работничките совети и управни одбори.

Работата на работничките совети во Македонија е анализирана во 1951 и 1952 година од страна на највисокото партиско раководство на Македонија, при што е испитуван и социјалниот состав на работничките совети.<Архив ЦК СКЈ, сигн. XI -2/12, Информација о развоју и раду радничких совета у НР Македонији - ЦК КПМ 9. 08. 1952 год; Archives diplomatique... Nantes... vol. 9... белешки и документирани студии за работничките совети.> Покрај тоа, анализирана е писменоста на членството на аботничките совети, структурната основа на управните одбори, методите на работа на работничките совети и на управните одбори и сл.<Исто таму...>

За разлика од 1950/51, во 1952 година спроведените избори за работнички совети покажуваат дека бројот на претпријатијата во Македонија со повеќе од 30 работници изнесуваше 386, од кои 38 претпријатија не одржале избори за работнички совети.<Исто таму...> За поуспешно одвивање на работничкото управување, уште во почетната фаза од неговиот развој, е донесен т.н. нацрт-деловник за работа на работничките совети, со цел за нивно поуспешно функционирање, за утврдување на делокругот на активности и надлежности, при што посебно внимание се обрнува на примената на разни форми за потесно поврзување на работничите совети и управните одбори со работниот колектив во заедничкото ангажирање при решавањето и донесувањето одлуки околу најзначајните прашања во управувањето со претпријатието.

Според направената анализа од 1952 година на 81 работнички совет по гранки, формирањето на работничките совети изгледаше вака: во металската индустрија - 5 работнички совети, во прехранбената и тутунската - 9, во текстилната и кожарската - 5, во градежната и дрвната - 14, во земјоделството - 7, во железниците - 9, во трговските претпријатија - 12, во локалното стопанство - 11, и во другите угостителски претпријатија - 9 или вкупно: 81 работнички совет.<Исто таму.> Од направената анализа на комисијата при ЦК на кПМ во 31 работнички совет, е дојде до следнава констатација. дека е нарасната свеста и одговорност апри колективите за самостојно раководење и е постигнат успех, дека управните одбори, и покрај нивните слабости, гледано во целина, навистина станаа управувачи како стопански раководители и дека работничките совети се' уште не си го нашле своето вистинско место во управувањето со претпријатијата, бидејќи имаше се' уште работнички совети кои се чувствуваат и третираат во практиката како обичен приврзок на директорот или пак на управниот одбор.<Исто таму.> Ваквата практика посебно е карактеристична за претпријатијаа од локалното стопанство, каде што за несолидното функционирање на работничките совети придонесуваат и директорите и високиот технички персонал и кои не ретко, со своето наметнување, го нарушуваат самоуправното решавање на самоуправните органи.<Исто таму.>

Непобитен е фактот дека меѓусебните односи во самоуправните органи имаше кршење на позитивните прописи, што е резултат не само на нивното непознавање туку и поради узурпирањетона одделни права што им припаѓаа на некои од органите на самоуправувањето. Ваквата практика се среќава не само во помалите претпријатија, туку и во поголемите. За разлика од работничките совети, управните одбори во почетниот процес побрзо се снајдоа во решавањето на основните проблеми на претпријатието, како на пример, во производствениот план, заштедата на суровини, финансиските прашања, работната рака, хигиено-техничката заштита и друго. Тоа е резултат пред се' на повисокото стручно и општообразовно ниво на нивните членови. Меѓутоа, и овде директорот во основа играше првенствена улога, а при евентуален неуспех на претпријатието целокупнаа одговорност ја префрлаше врз членовите на управниот одбор и на самоуправните органи.<Исто таму.>

Според сознанијата и оценките на францускиет експерти, во текот на 1954/55 година во нивните извештаи се нагласува дела процесот на самоуправувањето “навлегува во една активна фаза во целата Република Македонија. Претпријатијата покажуваат задоволувачки резултати... но навистина условите за работа на овие органи не се задоволителни...”.<Исто таму... сигн. 9... Nantes... Со воведувањето на работничките совети осетно е постветено внимание на значењето на општото и стручно образование на работниците, бидејќи самоуправувањето не можеше да се развива без да се промени односот спрема човекот.>