Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 82

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

ТЕЛЕГРАМА ОД ФОРИН ОФИС ДО АМБАСАДОРОТ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО СССР, АРЧИБАЛД КЕР

Бр. 1323. И. 2.55 п.м. 17 март, 1945.

17март, 1945

Повторено до Вашингтон Бр. 2544.

Белград Бр. 267.

ИТНО

Во врска со вашата телеграма Бр. 781А [од 13 март, југословенско-бугарските односи].

Основната причина за нашиот приговор е да се спречи опасноста од заедничкиот југословенско-бугарски притисок врз Грција за да се отстапи западна Тракија. Солун, традиционално беше заедничка желба и на Југославија и на Бугарија. Поради тој раздор на интересите, во минатото беше многу лесно да се отстрани притисокот од двете страни. Југословенско-бугарскиот пакт ќе ја отстрани таа гаранција и ќе овозможи аспирациите кон Солун да бидат ставени во преден план како заеднички словенски интерес. Ако пактот вклучува, што изгледа можно, преземање обврска Бугарија да отстапи територија на југословенската македонска држава би имало дополнителна опасност од силната подцршка за задоволување на традиционалните македонски аспирации на сметка на Грција. Оваа опасност би се интензивирала со актуелната федерација; и исто така треба да се смета дека пактот сигурно би бил првиот чекор кон евентуалната федерација.

2. Ние, исто така, сме загрижени да видиме дали грчките барања за репарации ќе бидат задоволени. Консеквенциите од југословенско-бугарскиот пакт би биле тоа што предност би им се дало на југословенските аспирации пред грчките. Тоа и навистина веќе се случува и има тенденција да се зголеми со склучувањето на формалниот пакт. Би требало Бугарија да се поттикне да ја задоволи Грција ако големите сили и стават јасно на знаење дека Бугарија не може да прави отстапки или да и се дозволи да оди кон патот за рехабилитација се додека не покаже искрена желба да ги спроведе сите одлуки од примирјето, вклучувајќи го и плаќањето на репарации на Грција и во оваа фаза враќањето на грчката сопственост.

3. Последно, ситуацијата на Балканот е се уште премногу конфузна за да може да се посака било какво средување на односите меѓу балканските држави. Пактовите и договорите, особено оние од ексклузивна природа, би требало да причекаат додека многу повеќе не се средат условите и рамнотежата на односите меѓу балканските држави не биде постабилна.

FО 371/48184 НР 00297 R 4196/11/0