Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 79

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД ФОРИН ОФИС ДО АРЧИБАЛД КЕР, АМБАСАДОР НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО СССР

Бр. 1189 И. 2.45 а.м. 11 март 1945.

10 март 1945.

Повторено до Вашингтон бр. 2314.

Белград бр. 240.

ВАЖНО

Во врска со вашата телеграма бр. 632 [од 1 март: југословенско-бугарските односи].

Моето сфаќање на дискусиите, во однос на југословенско-бугарскиот договор на Кримската конференција, се дека по соопштувањето на господин Молотов на мојата изјава за погледите на владата на Неговото Височество, на конференцијата на министрите за надворешни работи на 10 февруари, тој зеде да се запознае со целата работа со цел следниот ден да ни ги соопшти ставовите на советската влада. Но како што се случи, тој немаше погодна прилика да се врати на прашањето.

2. Како и да е, јас се согласувам дека дискусијата сега би требало да продолжи во Москва меѓу Молотов, господин Хариман и вас.

3. Вие веќе имате доволно материјал за да земете учество во оваа дискусија од мојата телеграма бр. 4886 од 27 декември и во изводот од кој јас зборував на 10 февруари (текст од овој извод е вклучен во писмото на господин Робертс до господин Хауард од 10 февруари, копија од истото е испратено и до вас). Вие можете, доколку сметате за потребно, да му дадете на Молотов документирана комуникација која ќе биде на линија на изводот, бидејќи советската влада, јас сметам, нема добиено ништо од нас документирано во однос на прашањето за југословенско-бугарскиот договор.

4. Вие веќе ја имате видено телеграмата од Вашингтон 6р. 1333 и 1504 дека Соединетите Американски Држави се во согласност со нас со сите точки и му имаат дадено инструкции на господин Хариман.

5. Постојат уште две точки кои Вие би требало да ги поставите на претстојната дискусија. Одговорот на М. Деканозов на вашата комуникација од 10 јануари одбегнува да даде објаснување за прашањето на проширена Македонија за кое ние се уште сакаме да ги дознаеме советските предлози. Второ сметам дека е важно на бугарската влада во најскоро време да и се стави до знаење нашиот став за југословенско-бугарскиот договор. Ако М. Молотов не може да се согласи со мојата сугестија дека заедничка комуникација треба да се направи на бугарската влада од тројцата големи или воопшто, ако дискусиите покажат знаци на неоправдано пролонгирање, вие можете да му пренесете на М. Молотов дека ние ќе бидеме приморани самите да испратиме комуникација до бугарската влада. Меѓутоа би имало голема предност доколку мојата сугестија за заедничка комуникација би била усвоена.

FО 371/48183 НР 00297 R 4564/11/G