Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 78
ТЕЛЕГРАМА ОД ФОРИН ОФИС ДО ХАЛИФАКС, АМБАСАДОР НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО САД
Бр. 2313 И. 12.20 а.м. 11 март 1945.
10 март 1945
Повторено до Москва бр. 1188.
Белград бр. 239.
ВАЖНО
Во врска со вашата телеграма 6р. 1333 и 1504 [од февруари 28 и март 7: југословенско-бугарските односи]. Задоволство е што Соединетите Американски Држави се согласуваат со нас со сите основни точки и преземаат паралелна акција.
2. Ќе видите од телеграмата од Москва бр. 632 и мојот одговор дека сега е договорено понатамошните разговори за југословенско-бугарските односи да продолжат во Москва меѓу Молотов и амбасадорите на Неговото Височество и на Соединетите Американски Држави.
3. Вие можете, доколку сметате за потребно, да го информирате Државниот департмент за суштината на моите инструкции до Сер А. Кларк Кер во мојата телеграма бр./ѕiс/ 1189 до Москва.
FО 371/48183 НР 00297 R 4564/11/G