Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 77
ТЕЛЕГРАМА ОД АВАРЕЛ ХАРИМАН, АМБАСАДОР НА САД ВО СССР, ДО ВЈЕЧИСЛАВ МОЛОТОВ, СОВЕТСКИ КОМЕСАР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА СССР
Бр.98
Москва, март 7, 1945.
Почитуван господин Молотов:
Британската влада и сугерира на мојата влада за потребата трите главни сојузници да ги информираат владите на Југославија и Бугарија оти тие се против одлуката за договор за сојуз и меѓусебна помош меѓу Југославија и Бугарија. Јас разбрав дека иста сугестија и е дадена и на советската влада од британските претставници на Кримската конференција.
Замолен сум да ја информиран советската влада дека според мислењето на мојата влада би било неприкладно за поранешен сојузник на оската се уште непријателска земја, предмет на контрола на сојузничка комисија, да договара мир или друг договор од политички карактер со член на Обединетите Нации, освен ако такви преговори не се одобрени од трите главни сојузници и другите заинтересирани влади.
Државниот департмент претходно го достави до југословенскиот отправник на работите во Вашингтон за информација од неговата влада; но во согласност со договрената политика за консултирање меѓу тројцата главни сојузници, пред да се преземе акција за работи кои се однесуваат на Бугарија во периодот на режимот на сојузничката контрола, Департментот ја одложи за момент комуникацијата за нејзината позиција по овој предмет до бугарската влада со мисла дека советската влада можеби сака да даде набрзо индикации за нејзините погледи во однос на оваа работа.
Екселенција, Искрено ваш,
В.М. Молотов, (Потпис): В. А. Хариман
Народен комесар за надворешни работи
Москва
FО 371/48183 НР 00297 R 4110/67