Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 75

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД АРЧИБАЛД КЕР, АМБАСАДОР НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО СССР, ДО ФОРИН ОФИС

Сер А. Кларк Кер И. 2.36 п.м. Г.М.Т. март 1, 1945.

Бр. 632. П. 4.50 п.м. Б.С.Т. март 1, 1945.

Март1,1945

Да се повтори до Вашингтон

Белград

ВЕДНАШ

Во врска со вашата телеграма бр. 760 (R 3424/11/G).

М. Молотов одговори дека советската влада е во тек со нашата акција. Нивните ставови остануваат исти како оние во белешката на Деканозов од телеграмата 6р. 332. Тие изразуваат желба да продолжи дискусијата по ова прашање во Москва како што беше предложено од господин Стетиниус на Кримската конференција и подржано од М. Молотов.

Ве молам испратете го до Белград како моја телеграма бр. 2

[Повторено до Белград со телеграма бр. 204]

(Белешки)

Ве молам исто така видете ја телеграмата од Вашингтон бр. 1333 во Р 4088 (буква А) која е во прилог.

Верзијата на господин Молотов за дискусиите за југословенско-бугарскиот договор на Кримската конференција не кореспондира со нашето прикажување во R 3500 (буква Б). Меѓутоа, сугестијата дека дискусијата ќе продолжи во Москва меѓу господин Молотов, Сер А. Кларк Кер и господин Хариман е очигледно најдобриот пат предметот да продолжи со уште една фаза. Од тие причини, ќе биде потребно Државниот департмент штом конечно ќе се одлучат, да му дадат инструкции на господин Хариман. Нацрт телеграми за Москва и Вашингтон според горното.

Постојат уште две точки во однос на ова кои бараат разгледување:

(а) Бугарската влада не одговара на нашата оригинална презентација по предметот на југословенско-бугарската федерација и за проширена Македонија. Уште повеќе бугарската влада се, уште не е информирана за нашите ставови во однос на прашањето за југословенско-бугарскиот пакт, иако тие ставови веќе се испратени до другите заинтересирани страни. Во последно време постојат докази, и покрај нашето презентирање за ова на советската влада и на маршал Тито, дека бугарската влада продолжува со своите планови за поблиски односи со Југославија - види телеграма од Софија бр. 252 во R 3779/11/67 (Буква Ц) и параграф 2 (д) во приложената копија од Економско-финансиско истражувачкиот извештај бр. 6 од А.Ц.Ц., Бугарија. Според тоа, постои доволно силна причина сега да му се укаже на господин Хустон-Босвал да побара од бугарската влада формален одговор на неговата комуникација за можната југословенско-бугарска федерација и да ги информира во исто време за ставот на владата на Неговото Височество за можниот југословенско-бугарски договор за сојуз. Од друга страна, со тоа можеби постои опасност предложените дискусии во Москва да бидат многу потешки, ако пред да отпочнат го преземеме следниот чекор. Ако почетокот на дискусијата во Москва би се одложила, или ако по почетокот се покажат знаци на неоправдано пролонгирање, ние тогаш може да му укажеме на Сер А. Кларк Кер да ја информира советската влада, имајќи го предвид развојот на ситуацијата меѓу Југославија и Бугарија, дека е неопходно да се информира бугарската влада за нашите ставови.

(б) Исто така и маршал Тито не направи формален одговор на нашата презентација по предметот на југословенско-бугарската федерација и за голема Македонија. Тој сепак му навести на бригадир Маклин, во неформален разговор, дека тој план не е актуелен. Неговата реакција, на комуникацијата на бригадирот Маклин во однос на југословенско-бугарскиот пакт за сојуз и заемна помош беше уште понезадоволителна (види телеграма од Белград бр. 219 во Р 3795 (буква Д). Комуникацијата во двата случаи беше орална и, имајќи ја предвид позицијата на Маклин (до извесен степен неформална), мое мислење е дека ние не треба да очекуваме Тито по нормален пат да ни даде повеќе податоци за неговите ставови. Исто така можеби би било непожелно да се изврши притисок врз него за поцврсти гаранции пред да почне предложената конференција во Москва.

Следува телеграмата од Вашингтон Бр.1504 - Џ.М. Адис во Р 4564 белешките

Змарт1945

Џ.М. Адис, 8 март

FО 371/48183 НР 00297 R 4110/11/67