Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 73

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД ФОРИН ОФИС ДО ФИЦРОЈ МАКЛИН, ШЕФ НА БРИТАНСКАТА ВОЕНА МИСИЈА ВО ЈУГОСЛАВИЈА

Бр. 172. И. 10.15п.м. 19 февруари 1945

19 февруари, 1945.

Повторено до канцеларијата на Ресмед бр. 764.

Софија бр. 193.

Атина бр. 535.

Москва 6р. 761.

Вашингтон бр. 1598.

ИТНО

ТОРЅЕСRЕТ

Во врска со телеграмата од Москва бр. 332 и телеграмата од Каиро бр. 385 [од 31 јануари: и 18 февруари југсловенско-бугарските односи].

Британската и Руската делегација, и двете, ја презедоа иницијативата за покренување на прашањето за југословенско-бугарските односи на Кримската конференција. На состанокот на министрите за надворешни работи на 10 февруари, М. Молотов ги повтори советските ставови, како што се презентирани во телеграмата до Москва, во гореспоменатата телеграма. Секретарот на државата ги изложи ставовите на владата на Неговото Височество како што следува:

А. Додека владата на Неговото Височество е задоволна од ставот на советската влада, да не го смета во сегашниот момент актуелно прашањето за југословенско-бугарската федерација и што тие сметаат дека тоа не од практична важност, таа е вознемирена од сознанието дека во тек се преговори за сојуз и заемна помош меѓу Југославија и Бугарија и дека ставот на советската влада во однос на овие преговори се благонаклони.

Б. Владата на Неговото Височество не може а да не смета дека пактот за кој се преговара ќе наиде на истите пречки кои се однесуваат на можната федерација. Според неа непријателска држава чиј статус е се уште регулиран со режим на примирје мора да се спречи да влегува во посебни договорни односи со друга држава со која таа технички е во војна, освен со експлицитна дозвола на сите победнички сили со кои е склучено примирјето.

Ц. Одделно од важноста на моралните прашања кои се вовлечени, владата на Неговото Височество, исто така, е загрижена во однос на преговорите кои сега се водат за пакт меѓу Југославија и Бугарија на сметка на интересите на Грција која досега ги нема примено од Бугарија репарациите на која таа е задолжена според одлуките од примирјето. Овој аспект од предметот се разгледува во подробности во посебен aide memoire.

Д. Согласно тоа, владата на Неговото Височество смета дека треба да се испрати обраќање до бугарската влада од сите победнички сили со кои таа неодамна го потпиша примирјето, со нагласување дека тие не можат да се сложат таа да влезе во посебни договорни односи со Југославија во оваа фаза и дека целосни репарации треба да и се дадат на Грција пред да се постави прашањето за продолжување на преговорите. Владата на Неговото Височество смета дека и маршал Тито, истовремено, би требало да биде известен за приговорите на победничките сили за потпишување на југословенско-бугарскиот пакт. Владата на Неговото Височество ќе биде задоволна доколку советската влада ги изложи своите ставови во однос на предметот што е можно побрзо.

2. Во овој момент кога е на пат формирање на единствена југословенска влада Вие би требало да најдете погодна прилика да му ги објасните на Тито нашите ставови за овој предмет како што е набележано во А и Б горе.

FО 371/48184 НР 00297 R 3424