Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 72

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД ФОРИН ОФИС ДО АМБАСАДАТА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО СССР

Бр. 760. И. 9.50 п.м. 19 февруари, 1945.

19 февруари, 1945.

Да се повтори до Вашингтон 1597

Белград 171

НАЈИТНО

ТОР ЅЕСRЕТ

Во врска со телеграмата од Каиро Бр. 385 (од 16 февруари: југословенско-бугарски односи). Господин Стивенсон се уште не е заминат за Белград бидејќи ние сметаме оти тој треба да остане овде се додека не се формира единствена југословенска влада и не биде именуван регентскиот совет. Поради тоа штом ќе помине извесно време пред господин Стивенсон да го разгледа овој предмет со југословенската влада, јас го известив бригадирот Маклин да го информира маршал Тито за ставовите на владата на Неговото Височество за предложениот југословенко-бугарски пакт (види ја мојата телеграма бр. 761 ).

2.Поради тоа Ве молиме да дејствувате (со горните модификации) како што се објаснува во параграф 2 во телеграмата од Каиро бр. 385.

3 Амбасадорот на Неговото Височество во Вашингтон ќе го информира Државниот департмент за горното и ќе изрази надеж дека тие ќе го информираат амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Москва да преземе слична акција. На Државниот департмент би требало да му се сугерира дека, бидејќи ние сметаме за пожелно да преземеме акција пред американскиот и британскиот амбасадор да пристигнат во Белград, тие треба да го информираат југословенскиот претставник во Вашингтон за нивните ставови и да замоли да му ги соопшти на Тито.

FО 371 /48184 НР 00297 R 3424