Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 66

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД АМБАСАДАТА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО СССР ДО ФОРИН ОФИС

Сер Ватсон И. 12.17 п.м. ГМТ 1 февруари 1945.

Бр: 332. П. 2.25 п.м. БСТ 1 февруари 1945.

31 јануари 1945.

Да се повтори до Вашингтон.

Во врска со мојата телеграма бр. 69 (R 566/11/G) и вашата телеграма бр. 4886 (R 21984/14079) од 27 декември.

Деканозов одговори на приговорот на Неговото Височество како што следува:-

"Што се однесува до формирањето на југословенско-бугарска федерација [Јас сум] во позиција да истакнам дека што се однесува до информациите со кои располага советската влада, се водат разговори меѓу Југославија и Бугарија за потпишување на пакт за сојуз и заемна помош и дека ставот на советската влада во однос на ова е позитивен.

Што се однесува до прашањето создадено со формирањето на балканска федерација, а посебно прашањето за југословенско-бугарска федерација, ова прашање според мислењето на советската влада, во сегашниот момент, не е актуелно и не е од практично значење."

Ве молам да се повтори до Казерта, Софија Атина, Белград како мои телеграми бр. 25, 13, 11 и 1 , одделно.

[Повторено до Казерта, Софија, Атина и Белград како телеграми 6р. 501, 138, 347 и 111, одделно.]

(Белешки)

Ние го немаме дефинирано нашиот став во однос на идејата за југословенско-бугарски пакт за сојуз и заемна помош и не сме свесни дека преговори се водат за таков договор. Договорот секако би бил непосреден вовед во федерација.

Советската влада е многу внимателна што не зазеде јасен став во однос на една балканска или ексклузивна југословенско-бугарска федерација.

Сите докази одат во прилог да го потврдат ставот на бригадирот Маклин, дека овие прашања веќе се решени меѓу Москва, Белград и Софија, но дека тие договори не предвидуваат било какви непосредни акции.

Не е можно да се провери кои од овие две идеи понатаму ќе биде предмет на разгледување додека ние не ги дознаеме резултатите од разговорите на големите тројца.

Суштината на оваа телеграма е испратена до секретарот на државата.

Џ.М. Адис

2. февруари

FО 371/48181 НР 00297 R 2361/11/67