Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 65
ТЕЛЕГРАМА ОД ФИЦРОЈ МЕКЛИН, ШЕФ НА БРИТАНСКАТА ВОЕНА МИСИЈА ВО ЈУГОСЛАВИЈА, ДО ФОРИН ОФИС
Бригадир Маклин И. 9.23 п.м. ГМТ 29 јануари 1945.
Бр. 120. П. 10.50 п.м. 29 јануари 1945.
29 јануари 1945.
ИТНО
Почнува.
Денеска зборував со Тито во смисла на телеграмата Бр. 85 од 26 јануари (R 1848/11/G).
2. Тој одговори дека, што веќе ми го кажа претходно, е уверен дека ова не е (повторувам не е) време за воспоставување на федерација со Бугарија или со некој од другите нејзини соседи и дека тој нема (повторувам нема) намери да се обиде да го стори тоа во сегашната ситуација.
3. Тој, исто така, уште еднаш, ми предочи дека тој нема (повторувам нема) намери да анектира територија од Грција или Бугарија пред мировната конференција, кога тој ќе ги постави барањата по редовен пат.
4. Мој впечаток е дека ова прашање фактички веќе е решено со Москва и поради тоа Тито само чека и го припрема јавното мислење за предложените промени. Дали тоа вклучува некој вид балканска федерација или само помали врски со Бугарија во советската орбита останува да се види.
5. Тито не беше (повторувам не беше) вознемирен со моите презентации. Се смееше од се срце за последните вести од Лондон и истакна оти се надева наскоро да го види д-р Шубашиќ овде.
Крај.
FО 371/48181 НР 00297 R 2107/11/67