Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 61

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД ФИЦРОЈ МАКЛИН, ШЕФ НА БРИТАНСКАТА ВОЕНА МИСИЈА ВО ЈУГОСЛАВИЈА, ДО ФОРИН ОФИС

Бригадир Маклин И. 2.54 п.м, ГМТ 25 јануари 1945.

Бр. 102. П. 4.40 п.м. БСТ 25 јануари 1945.

25 јануари 1945.

Во врска со мојата телеграма бр. 4 од 21 јануари (R 2302/11/67) .

Мојата мисија при Главниот штаб на Македонија известува дека неодамнешните говори на Темпо, Апостолски и другите во моментот се директно насочени против "неодговорните народни непријатели кои агитираат за непосредна окупација на грчка Македонија и на тој начин ги кршат партизанските наредби и предизвикуваат недоразбирање со сојузниците". Полковникот Неделковски (повторувам Неделковски) втор во штабот на Апостолски неодамна изјави "грчка Македонија мора да се бара во Берлин, а не (повторувам не) во Солун".

FО 371/48181 НР 00297 R 1956/11/67