Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 60

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД ХОСТОН БОСВИЛ, ПОЛИТИЧКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО БУГАРИЈА , ДО ФОРИН ОФИС

Г-дин Хостон Босвил И. 2.17 п.м. (ГМТ) 24 јануари 1945.

Бр. 108. П. 3.50 п.м. (БСТ) 24 јануари 1945.

24 јануари 1945.

Повторено до концеларијата на Ресмед бр. 15.

Атина

Белград

ИТНО

ТОР ЅЕСRЕТ

Преку сигурни извори дознавме дека во минатите неколку дена бугарскиот премиер бил отсутен, нерасположен и дека генерал Терпешев претседавал со Министерскиот совет во негово отсуство. Се верува дека М. Георгиев ја напуштил Софија во придружба на Советски офицери со цел да дискутира со маршал Тито или неговите претставници за формирањето на јужнословенска конфедерација. Според информациите се очекува да се врати во Софија за еден или два дена кога ќе биде издадена некоја декларација за таа работа.

2. Заклучокот е дека таа е подготвена да се совпадне со претстојната конференција на големите тројца.

3. Изворот исто така истакнува дека на 3 март (прослава на бугарското ослободување и крунисувањето на кралот Борис III) Бугарија ќе биде прогласена за Република. Неколку недели потоа ќе следува отстапување на Пиринската област на Бугарија кон автономната македонска држава (види ја мојата телеграма 86). Изворот меѓутоа е на мислење дека локалното население може да се спротивстави.

4. На крајот, изворот истакнува, дека советските власти ќе ја поддржат секоја аспирација на јужнословенската конфедерација спрема Солун.

5. Иако ова на прв поглед може да изгледа сензационално, јас го доставувам ова, бидејќи тоа е во врска со настаните кои се во тек, Јас многу се сомневам, затоа што, како што знаете, министерот за надворешни работи постојано го избегнуваше разговорот по тој предмет.

6. Ве молам, покажете му го ова на мајорот Оксли. Го молам Форин офис да го повтори ова до Белград како мојата телеграма бр. 9 (без предност).

[Да се повтори до Белград како моја телеграма 6р. 77]

(Белешки)

Видете исто така R 1627/G копија на телеграмата од Белград бр. 47 во прилог на истото и параграф Ј од телеграмата на британската воена мисија во Бугарија чија копија е во прилогот.

Во моментот постојат две индискреции во поглед на Југославија кои покажуваат дека Бугарија се согласила да и го отстапи на Југославија бугарскиот дел на Македонија. Не може да се верува дека ако ова е вистина Советската влада да не знае за тоа и да го одобрува. Секако постојат многу индикации дека Бугарите прават се што можат да се смират со Југославија и дека се водат преговори за јужнословенска федерација.

Ако навистина е одлучено Бугарија да ја отстапи бугарска Македонија на Југославија и Југословените го прифатат тоа и покрај фактот што Тито се изјасни дека не сака македонски територии кои не се југословенски, јас предвидувам дека апсорбирањето на бугарска Македонија ќе води евентуално кон аспирации кон грчка Македонија и дека таквите аспирации би биле засилени со одлуката за бугарско-југословенска конфедерација која Русите можат да ја поздрават со цел да се отстрани Грција како сила на Балканот.

На 28 декември се дадени инструкции на амбасадорите во Москва и Вашингтон да ги изнесат пред владите на Соединетите Американски Држави и Советскиот Сојуз нашите погледи во однос на Голема Македонија и јужнословенската конфедерација. Беше предложено Тито и бугарската влада да се известат по извесно време. Но беше предложено и усогласување имајќи ја во предвид југословенската внатрешна криза. Од тие причини би било незгодно да се испрати било каква комуникација по тоа прашање на Тито. Бидејќи ние му ставивме јасно до знаење на Тито дека имаме намера да го одобриме договорот Тито-Шубашиќ и дека лично Тито е сосема задоволен во однос на ова, јас сум на мислење дека не треба да ја одлагаме акцијата понатаму и веднаш треба да испратиме телеграми до Белград и Софија особено имајќи ги предвид информациите содржани во телеграмата од Софија во прилогот. И покрај тоа што таа информација, како што се истакнува, доаѓа од несигурни извори тешко е да се верува дека Русите би ги наведувале Бугарите да се однесуваат на тој начин имајќи ја предвид комуникацијата доставена од нас до нив во почетокот на овој месец; и исто така тешко е да се види како ќе реагира Тито земајќи го предвид неговиот протест што тој не гледа благонаклоно на бугарско-југословенската конфедерација во оваа фаза.

Нацрт телеграмите за Софија и Белград кои се подготвени и одобрени кон крајот на декември се застарени и поради тоа јас поднесувам корегирани нацрти.

/потпис нечиток/

25 јануари 1945.

Јас сум убеден дека е многу важно ние да ги испратиме нашите приговори во Софија и Белград без понатамошно одлагање. Ние и дадовме на советската влада големо предупредување дека ние ќе направиме така и во случај таа да не преземе акција пред Аргонаут затоа што тоа ќе биде многу тешко да го направиме подоцна. Исклучувајќи го сето друго, јас мислам дека ние должиме на Грција да се грижиме за нејзините интереси на овој начин во време кога грчката влада не е во можност да се брани себеси како што 6и го правела тоа во нормални услови.

О. Сарџент

25 јануари1945.

FО 371/48181 НР 00297 R 1848/11/67