Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 55

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД ФИЦРОЈ МАКЛИН, ШЕФ НА БРИТАНСКАТА ВОЕНА МИСИЈА ВО ЈУГОСЛАВИЈА, ДО ФОРИН ОФИС

Бригадир Маклин И. 9.51 а.м. Г.М.Т. 21 јануари 1945.

Бр. 82. П. 11.45 а.м. Б.С.Т. 21 јануари 1945.

20јануари 1945.

Продолжение на мојата телеграма бр. 63 од 16 јануари.

Денешните извештаи во печатот соопштуваат дека македонските единици на 1 јануари го поминале Врање кон нивната крајна цел Сремскиот фронт. Локално тоа беше искористено за непосредно манифестирање на српско-македонската солидарност и решеност за борба против Германците до конечната победа.

2. Македонските единици, по се изгледа, се во составот на 15 Корпус кој се состои од 48 дивизија, 42 дивизија и по се изгледа 51 дивизија. Нема информации дека бунтот за кој соопштив во мојата телеграма бр. 63 од 16 јануари се проширил и во другите македонски единици.

3. Ве молам повторете до Казерта за Сакмед. [Повторено до Казерта со телеграма 6р. 332]

FО 371/48181 НР 00297 R 1596/11/67