Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 52

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД ХОСТОН БОСВИЛ, ПОЛИТИЧКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО БУГАРИЈА, ДО ФОРИН ОФИС

Г-дин Хостон Босвил И. 3.05 п.м. Г.М.Т. 21 јануари 1945.

Бр. 86. П. 5.30 п.м. Б.С.Т. 21 јануари 1945.

19 јануари 1945.

Да се повтори до Белград.

Во врска со телеграмата од Белград 6р. 47 (R1161/II/67).

Кога му ја споменав оваа статија на министерот за надворешни работи и го потсетив дека генералполковникот Терпешев беше присутен на заседанието (моја телеграма 6р. 21 Р 397/П) тој истакна дека министерот на владата не може да зборува неофицијално во странска држава. Бугарската влада како таква не беше претставена во таа прилика. Генералполковникот Терпешев изразил желба да оди во Скопје да го поздрави АСНОМ од страна на Бугарската работничка (комунистичка) партија. Тој беше во придружба на М. Харизанов како претставник на Татковинскиот фронт (М. Харизанов во минатото беше најзаинтересиран студент за македонскиот проблем). Бидејќи ова е, без сомнение, прва прилика во која Терпешев дава неодговорна изјава од ваков вид (ц.ф. телеграма на воената мисија М/467 од воениот кабинет) јас го замолив министерот за надворешни работи да ја разгледа работата со оглед на неговата изјава дека неговите колеги немаат право да истакнуваат такви работи. Јас му сугерирав дека би требало да се вложи дополнителен напор за да се спречи генераловата богата оратичност. Тој вети дека тоа ќе го испита. Според него, Бугарија во моментот е толку демократска и свртена кон самоопределувањето и т.н. што тој претпоставува дека во случај населението на Пиринската област да сака да им се приклучи на нивните македонски браќа би било тешко да се сопрат. Но тој смета дека времето се уште не е созреано таквите работи да се разгледуваат. Пред да го завршиме разговорот за оваа тема тој нагласи дека за разлика од бугарската влада која не беше официјално претставена на заседанието на АСНОМ, владата на Неговото Височество испрати свои претставници. Јас истакнав дека за присуството на еден офицер на воената мисија во Скопје се информирав од печатот, но дека тој не може да се смета за претставник на владата на Неговото Височество.

Ве молам повторете го до Белград како и мојата телеграма бр. 7

[Повторено до Белград како телеграма на Форин офис бр. 67].

FО 371/48181 НР 00297 R 1630/11/67