Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 49

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД ФИЦРОЈ МАКЛИН, ШЕФ НА БРИТАНСКАТА ВОЕНА МИСИЈА ВО ЈУГОСЛАВИЈА, ДО ФОРИН ОФИС

Бригадир Маклин И. 2.50 п.м. Г.М.Т. 16 јануари 1945.

Бр. 63. П. 4.55 п.м. Б.С.Т. 16 јануари 1945.

16јануари 1945.

ИТНО

Текстот што следува го примив од мојата мисија при Главниот штаб на Македонија.

"На 6 јануари елементи на една партизанска бригада демонстрираа против движењето на 15 корпус да се бори против Германците. Тие нагласуваа дека сакаат да се борат за Солун. Сите беа уапсени. Водачите ќе бидат изведени пред суд и веројатно стрелани под обвинение за фашистичка активност насочена кон влошување на односите со сојузниците. Горното директно беше потврдено од говорницата на Младинскиот конгрес на 7 јануари нагласувајќи ја неопходноста од концентрирана борба против Германија и најостро казнување на елементите одговорни за слични вознемирувања.

Проследено до САКМЕД со телеграма бр. 959.

Белешки

Да се повтори до Атина.

Џ.М. Адис

17 јануари /1945/

FО 37Р1/48181 НР 00297 R 1223/11/67