Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 48

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД ХОСТОН БОСВИЛ, ПОЛИТИЧКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО БУГАРИЈА, ДО ФОРИН ОФИС

Г-дин Хостон Босвил И. 1.55 п.м. (Г.М.Т.) 17 јануари 1945.

Бр. 68. П. 3.45 п.м. (Б.С.Т.) 17 јануари 1945.

15 јануари 1945.


Да се повтори до Белград,

Атина

Канцеларијата на Ресмед - Казерта.

Во врска со мојата телеграма бр. 1.

(R. 141/11/67).

Работничко дело објави интервју со Ченто, претседател на Президиумот на АСНОМ (Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија) кој истакнува:

а) ќе се институционализира контролна администрација чија прва задача ќе биде реконструкција на разрушената земја.

б) војната мора да се води до конечната победа.

ц) на Македонија и недостасуват храна и облека.

д) владата ќе обезбеди бесплатно образование.

е) односите со Бугарија се многу добри.

Тој додаде: "По 50 години заедничка борба односите меѓу братските словенски народи даваат надеж дека наскоро обединувањето на сите Јужни Словени ќе стане стварност. Федерацијата ќе ни даде можност за изградба на иднината".

Ве молам повторете го до Белград како со телеграмата бр. 4.

[Повторено до Белград со телеграма бр. 49]

FО 371/48181 НР 00297 R 1315/11/67