Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 46

Од Wikibooks

БЕЛЕШКА ОД АНТОНИ ИДН МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, ДО ВИНСТОН ЧЕРЧИЛ ПРЕМИЕР НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

П.М./45/17/

ПРВ МИНИСТРЕ,

Во вашата белешка М. 1255/4 од 31 декември вие сугерирате дека можеме да го информираме регентот во Атина за нашите ставови во поглед на независна Македонија и за акцијата преземена со нашата телеграма бр. 4886 до Москва со цел да ја обезбедиме грчката територија.

Се согласувам дека веста за заземање на така цврста линија во корист на Грција секако би го задоволила архиепископот и другите грчки политичари и може да помогне да промовира единство меѓу нив. Од друга страна, во случај информацијата да му се даде на архиепископот со овластување да ја спроведе, таа веднаш ќе стане јавна сопственост и јас мислам дека тоа би било многу незгодно за нас се додека ние не бидеме информирани дали советската влада и владата на Соединетите Американски Држави ќе стават некои приговори. Освен тоа ние се уште не сме го информирале Тито или Бугарите за нашите ставови. Од тие причини јас повеќе би сакал ништо да не му пренесеме на архиепископот додека не бидеме известени каков став ќе заземат владите на Соединетите Американски Држави и Советскиот Сојуз.

Антони Идн

10 јануари 1945

Белешки

Се повикува на белешката на Г-дин Идн до Првиот министер РМ/45/17/датирано 10. 1 /19/45. "Се сложувам".

В/инстон/ С/пенсер/ Ч/ерчил/

14. 1./19/45

FО 371/48181 НР 00297 R 729/11/67