Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 44

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД ФИЦРОЈ МАКЛИН, ШЕФ НА БРИТАНСКАТА ВОЕНА МИСИЈА ВО ЈУГОСЛАВИЈА, ДО ФОРИН ОФИС

Бригадир Маклин И. 5.50 п.м. Г.М.Т. 8 јануари 1945.

Бр. 27. П. 7.40 п.м. Б.С.Т. 8 јануари 1945.

8 јануари 1945.

[Почнува] Во продолжение на мојата телеграма бр. 8 од 3 јануари, мојата мисија при Главниот штаб на Македонија известува како што следува: Односите меѓу мисијата и Главниот штаб на Македонија се пријателски но резервирани. Само одредени цивили се обесхрабрени или спречени да влезат во просториите на мисијата, а оние кои ќе ја посетат се саму малку испитувани од ОЗНА (повторувам ОЗНА).

ОЗНА е оддел од Националната одбрана и има свој Главен штаб во Скопје. Тој е формиран во септември 1944 со цел да ја по-могне првата партизанска цивилна управа и природно дојде под контрола на војската. Сега функционира независно под команда на полковникот Цветко (повторувам Цветко) Узуновски (повторувам Узуновски) алијас Абас (повторувам Абас) кој претходно беше политички комесар во македонскиот Главен штаб и се чини има големи овластувања.

3. ОЗНА е поделена на тајна полиција чиј број и други особини не се познати и НО или народна одбрана-Милиција. Последната вклучува жандармерија, безбедност и градска полиција. Во јануари со приближна јачина од 20.000 (повторувам 20.000) сите вооружени и лево ориентирани. НО исто така дејствуваат и како офицери за врска меѓу цивилите и милициската власт.

[Крај]

Белешки

Од ова произлегува и покрај тоа што целосно не е јасно дека ОЗНА и нејзиниот оддел НО делуваат по директивите на централното раководство на целата територија на Југославија и не се подредени на властите на одделните држави кои ја формираат федерацијата. Добро организираната и бројна тајна полиција и жандармерија е сигурна карактеристика на еден вид тоталитарен режим кој се воведува во Југославија.

Џ.М. Адис

11 јануари /1945/

Што е ново во Југославија? Постоеше добро организирана тајна полиција и жандармерија и во време на стариот режим.

/потпис нечиток/

12.1/1945/

FО 371/48181 НР ОО297 R 672/11/67